Може да имаат различни татковци и различни родендени – Интересни факти за близнаците што можеби не сте ги знаеле

Често се говори дека постои посебна конекција што е еднаква на телепатија меѓу близнаците, но научно не е докажано дека постои таква поврзаност меѓу нив. Сепак, се знае дека често близнаците имаат „свој јазик“ со гестови, мимики и сленгови што го разбираат само тие.

mozhe-da-imaat-razlichni-tatkovci-i-razlichni-rodendeni-interesni-fakti-za-bliznacite-shto-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-30.jpg

Најчесто се раѓаат со разлика од само неколку минути, но постојат близнаци што се родени во различни денови. Aко се родени во периодот пред и по полноќ, близнаците може да дојдат на свет во различни денови и години или милениуми.

mozhe-da-imaat-razlichni-tatkovci-i-razlichni-rodendeni-interesni-fakti-za-bliznacite-shto-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-26.jpg

Во некои случаи кога има компликации во бременоста, едното дете може да биде родено предвреме, па така најдолгата забележана разлика меѓу близнаците Моли и Бенџамин Вест од Балтимор изнесува 90 дена.

mozhe-da-imaat-razlichni-tatkovci-i-razlichni-rodendeni-interesni-fakti-za-bliznacite-shto-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-31.jpg

Се случува мошне ретко, но возможно е двојајчените близнаци да бидат зачнати од различни татковци. Ваквите близнаци со оглед дека делат ДНК само од мајката, носат сличности како полубраќа или полусестри.

mozhe-da-imaat-razlichni-tatkovci-i-razlichni-rodendeni-interesni-fakti-za-bliznacite-shto-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-27.jpg

На англиски терминот irish twins (прев. ирски близнаци) означува браќа и сестри што се родени со разлика до 12 месеци. Тоа во основа не се вистински близнаци затоа што не се родени во ист гестациски период, туку се браќа и сестри со многу мала генерациска разлика.

mozhe-da-imaat-razlichni-tatkovci-i-razlichni-rodendeni-interesni-fakti-za-bliznacite-shto-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-28.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава