Црвената прехранбена боја се добива од бубачки и уште 7 факти за храната што ќе ве изненадат
Некогаш црвената боја за храна е направена од бубачки
Неретко црвената прехранбена боја е направена од вид мали бубачки – Dactylopius coccus – кои содржат вид киселина (позната како карминска) која е основа за црвениот пигмент во боите за храна.
Всушност, киселината од овие бубачки се користи и за бои за текстил, па дури и шминки, и тоа со векови.
Но, немојте да се грижите бидејќи во процесот на правење на црвената боја од карминска киселина се филтррираат сите остатоци од инсектите и останува само киселината.
Исто така, денес постојат и други извори на црвен пигмент од растително потекло.
Нема голема разлика помеѓу белиот и кафениот шеќер
Бидејќи и кафениот и белиот шеќер потекнуваат од ист извор – шеќерна трска или шеќерна репка – имаат речиси исти хранливи вредности.
Всушност, обично кафениот шеќер е мешавина од бел шеќер и меласа – сируп направен од шеќер. Па, поради меласата, шеќерот добива кафеава боја, но и плус некои хранливи состојки.
Најголемата разлика помеѓу двата вида шеќер е тоа што кафениот има малку повеќе калциум, железо и калиум.
Постојат дрвја на кои растат различни видови овошје
На дрвјата познати како „овошна салата“ можат да растат неколку различни овошја одеднаш.
Нормално, овие дрвја се „вештачки“, односно се направени со калемење.
На дрвјата можат да растат различни овошја, но од истата фамилија. На пример, на едно дрво можат да растат или само цитрусни овошја, или само различни видови јаболка.
Големото количество морско оревче може да има сличен ефект како марихуаната
Морското оревче се користи како зачин во разни јадења и секогаш се става многу мала количина. А, ова е со причина.
Морското оревче има состојка позната како миристицин. Оваа состојка ја има и во други зачини, но кај морското оревче е најконцентрирана.
Ако консумирате големо количество оваа состојка, можно е да почувствувате вртоглавица, халуцинации, сувост во устата, забрзано чукање на срцето и слични симптоми кои се јавуваат и при користење марихуана.
Иако бројот на истражувања за овој ефект се мали, некои од нив покажале дека повеќе од 10 грама морско оревче можат да ги предизвикаат спомнатите симптоми.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



