Црвената прехранбена боја се добива од бубачки и уште 7 факти за храната што ќе ве изненадат
Знаевте ли дека за некои луѓе коријандерот има вкус на сапун? Според истражувањата, причината за ова е ген кој ја зголемува чувствителноста на хемикалии што се наоѓаат во коријандерот, а се користат и во производството на сапуни.
Постојат толку многу видови храна, што никогаш нема да имаме можност да пробаме сè. Од истата причина, постојат и многу работи за храната што воопшто не сме ги ни слушнале, и тоа дури ни за храна што ја консумираме секојдневно.
Неколку забавни факти за храната што сигурно ќе ве изненадат.
За некои луѓе коријандерот има вкус на сапун
За голем дел од населението, коријандерот има вкус на сапун. Експертите веруваат дека причината за ова е големата чувствителност на вид хемикалии кои се наоѓаат во коријандерот, а исто така се користат и како состојка во сапуните.
Во 2012 година било направено и истражување во кое учествувале над 14.000 испитаници на кои им била направена ДНК анализа. Истражувачите идентификувале два гена кои се одговорни за оваа зголемена чувствителност на хемикалиите.
Постои вид печурки кои можат да тежат и по 20 килограми
Печурките познати како giant puffball (Calvatia gigantea) можат да имаат дијаметар од 10 до 70 сантиметри.
Но, наводно во природата се најдени и многу печурки од овој вид со дијаметар од неверојатни 150 сантиметри и тежина од дури 20 килограми.
Овие печурки не се отровни и може да се јадат, но само додека се млади. Кога ќе почнат да презреваат, можат да предизвикаат дигестивни проблеми.
Маите го користеле чоколадото како валута
Според некои наоди, Маите го користеле чоколадото како платежно средство во периодот кога нивната цивилизација го достигнала врвот.
Древните Маи не користеле пари, туку како многу рани цивилизации правеле размена на стока. Според откритијата на археолозите, по некое време Маите почнале да го користат чоколадото, како и сушените зрна какао, како универзално платежно средство.
Постои причина зошто храната во авионите има лош вкус
Секој што летал со авион знае дека храната, без разлика колку добро изгледа, има лош вкус во авионот. Причината за ова е едноставна – разликата во притисокот на земјата и во авионот што лета.
Иако притисокот во кабината не е многу поразличен од оној на земјата, сепак постои некаква разлика, односно е помал.
Поради ова, течностите од телото се движат малку нагоре, па се јавуваат мали отоци во синусите. Овие отоци имаат влијание врз сетилото за вкус.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:



