Се предозира со лекови, улогата на Џокер му предизвика психички проблеми - факти за Хит Леџер

Пред да се пробие во Холивуд, имал заштеда од едвај 150 долари, а поради улогата на Џокер страдал од несоница и морал да пие апчиња за спиење. Факти за актерот кој почина во 2008-ма година на 28-годишна возраст, од предозирање со лоша комбинација лекови што му биле препишани.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-01.jpg

Хит Леџер го освои Холивуд уште на 20-годишна возраст и до денес важи за еден од најдобрите актери.

Најпознат е по улогата на Џокер во The Dark Knight Rises и до денес јавноста е убедена дека никој нема да ја замени неговата изведба за популарниот лик.

Во јануари 2008-ма актерот трагично го загуби животот на 28-годишна возраст, a неговиот талент му донесе бројни награди и постхумно.

Неколку факти за Хит Леџер што можеби не ги знаевте:

Пред да се прослави, имал заштеда од едвај 150 долари

Хит Леџер се прослави со улогата во „10 Things I Hate About You“. Претходно актерот добивал мали улоги во филмови и серии и едвај успевал да заработи за живот.

Но, благодарение на улогата во тинејџерската драма која веднаш стана хит помеѓу младите, Леџер стана светски познат.

Актерот имаше едвај 20 години на денот на премиерата, но го привлече вниманието на јавноста, но и филмските режисери, па веднаш почна да добива поголеми улоги.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-02.jpg

Ја запознал мајката на неговата ќерка на филмски сет

„Brokeback Mountain“ е една од најзначајните улоги на Хит Леџер. Во филмот тој глуми млад маж кој е хомосексуалец и многумина сметаат дека овој филм е еден од најдобрите прикази на хомосексуална љубовна врска.

Изведбата на актерот беше пречекана само со комплименти, а на крај му ја донесе и првата номинација за Оскар.

Овој филм дефинитивно бил од голема важност за актерот бидејќи на сетот тој ја запозна Мишел Вилијамс - мајката на неговата ќерка.

Мишел Вилијамс исто така глуми во филмот и со текот на времето се вљубила во Хит Леџер. Чувствата биле обострани, па во 2005 година тие почнаа да се гледаат.

Истата година ја добија ќерката Матилда, но во 2007 година се разделија.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-03.jpg

Бил одличен шахист

Хит Леџер не само што бил одличен шахист, туку победил и на првенство.

На само 10-годишна возраст, актерот победил во детско првенство за шах во Австралија.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-04.jpg

Трагично го загуби животот од погрешна комбинација на лекови

На 22 јануари 2008 година, актерот бил пронајден без свест во неговиот кревет од неговата чистачка и масерка. Тие повикале брза помош, но болничарите не успеале да го спасат.

Штом јавноста дозна за неговата смрт, почна да се шпекулира дека можеби станува збор за самоубиство или предозирање со дрога.

Но неполн месец по неговата смрт беа објавени податоците од аутопсијата, според кои актерот починал од предозирање со лоша комбинација лекови што му биле препишани.

Наводно, тој испил лекови против болка, лекови за анксиозност, како и апчиња за спиење.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-05.jpg

Почина пред премиерата на неговиот последен филм

Само неколку месеци пред неговата смрт, Хит Леџер заврши со снимањето на „The Dark Knight“ каде што го глуми Џокер.

Иако неговата изведба веднаш ја освои јавноста, актерот никогаш немал можност да го погледнете филмот.

Премиерата на филмот се одржа на 18 јули 2008 година и благодарение на беспрекорната глума на Леџер, заработи над 400 милиони долари за само 18 денови.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-06.jpg

Сам ја дизајнирал шминката за Џокер во филмот на Кристофер Нолан

Овој лик е познат по впечатливата шминка, а за филмот актерот самиот ја дизајнирал. И, слободно можеме да кажеме дека неговиот Џокер има најморничава шминка.

Според некои извори, актерот инсистирал самиот да се шминка пред снимање со цел шминката да изгледа како да си ја направил самиот Џокер.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-07.jpg

Улогата на Џокер му предизвикала сериозни психолошки проблеми

Ликот на Џокер е опишан како „психопат и убиец без трошка емпатија“. А, бидејќи актерот целосно се внел во улогата, неговото ментално здравје трпело многу последици.

Актерот самиот изјави дека почнал да пие лекови за смирување и несоница само поради ликот.

Тој има откриено и дека пишувал дневник од перспектива на Џокер со цел подобро да го разбере ликот и подобро да го долови пред камера.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-08.jpg

За улогата на Џокер освои 29 награди по смртта

Поминаа 14 години од изведбата на Хит Леџер во „The Dark Knight“, но за ова улога се зборува и денес.

По премиерата на филмот, актерот освои дури 29 награди за неговата изведба. Сите му беа доделени постхумно.

Во 2009 година, тој освои и Оскар за најдобра споредна улога за изведбата во „The Dark Night“.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-09.jpg

Тој е прв актер кој освоил Оскар за филм со суперхерој

Иако се ултра популарни, филмовите со суперхерои дури неодамна почнаа да добиваат номинации за Оскар, и тоа повеќе во категориите за специјални ефекти.

Но, Хит Леџер го промени ова и стана првиот актер кој бил номиниран и ја освоил престижната награда за улога во ваков филм.

dobi-29-filmski-nagradi-po-tragichnata-smrt-ulogata-na-dzhoker-mu-predizvikala-psihichki-problemi-fakti-za-hit-ledzher-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg