Измамници му украле милиони, афера со Мишел Фајфер – Факти за Џон Малкович, актерот кој ќе гради филмски студија во Скопје
-->
Малкович верувал дека ќе продолжи да се занимава со спортот, но затоа што му се допаѓала една девојка што одела во драмска група, одлучил и тој да почне да се занимава во глума.
За време на периодот додека бил на колеџ, Џон не бил цврсто убеден дека ќе продолжи да се занимава со глума. Во тоа време работел како возач на автобус, се обидел да студира биологија и социологија, па се префрлил на театарска игра, за на крај целосно да се откаже од факултетот и да ја основа театарската група Steppenwolf.
Во својата актерска кариера Џон играл во над 70 филмови, а освен како актер се остварил и како режисер. Во 2003-та година го основал модниот бренд Mrs. Mudd. Има свои ресторани во Лисабон.
-->
Во периодот од 1982-та до 1988-та година бил во брак со актерката Глен Хедли со која се развел откако имал афера со Мишел Фајфер.
Во 1989-та година почнал да се гледа со Николета Пејран, со која доби две деца, Амандин и Луи и со која сѐ уште е заедно.
Во 2008-ма година Џон беше во центарот на јавноста откако ја загуби животната заштеда во финасискиот скандал Медоф. Во интервју тој кажа дека не знае колку точно пари изгубил, но проценките се дека останал со 50 милиони долари помалку.
„Мислам дека не е важно колку пари изгубивме. Само направивме промени во начинот на живот и бевме повнимателни со трошењето. Морав да барам поплатени проекти во некој период од животот и да работам постојано“ – рече Џон.
-->
-->
Сега, 14 години подоцна Џон повторно има богатство од околу 25 милиони долари, а освен што во последните неколку години играше во повеќе филмови и серии, тој сѐ уште е сопственик на ресторанот во Лисабон. Очигледно повторно планира да отвори филмски студија и да продуцира нови филмови, по најавената вест за Скопје.
-->
Би можело да ве интересира:
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ...
„Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите
Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат)
Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
-->