Измамници му украле милиони, афера со Мишел Фајфер – Факти за Џон Малкович, актерот кој ќе гради филмски студија во Скопје
Во 2008-ма година со измама му било украдено целото богатство, а денес има околу 25 милиони долари. Заради аферата со Мишел Фајфер се развел со првата сопруга, а сега е актуелен по тоа што планира да гради филмски студија во Скопје – Факти за Џон Малкович, познатиот холивудски актер со хрватски корени.
Актерот Џон Малкович (69) деновиве најави дека планира да гради филмски студија во Скопје, а со тоа главниот град на државава ќе биде локацијата каде што ќе се снимаат голем број холивудски филмови.
„Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В Мафер и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје.
Прво студио од ваков тип на целиот Балкан. Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ“– изјави Малкович.
Актерот има богата филмска кариера, а неговата животна приказна нуди важна лекција за голем број луѓе.
„Благодарение“ на тоа што им верувал на погрешни луѓе загубил милиони, но покажа дека лесно може да се адаптира на секој удар што му го задава животот и да почне од почеток.
Во продолжение да проследиме неколку интересни факти за актерот, што можеби не сте ги знаеле:
Џон Малкович е роден во Кристофер, Илиноис во 1953-та година, а има потекло од Балканот. Неговите баба и дедо (по татко) потекнуваат од местото Озаљ во Хрватска.
Џон израснал во семејство на новинари. Татко му бил новинар, а мајка му била сопственичка и уредничка на локален весник во Бентон, Илиноис во САД.
Џон во една прилика рече дека во периодот додека бил дете имало насилство во неговото семејство. Како што вели, тој, неговиот брат и неговите три сестри од мали научиле дека ако ја преминат границата ќе добијат ќотек.
„Тоа беше вообичаено во тоа време. Да имаше доста насилство додека растев, па што?“ – рече Џон во едно интервју.
На 16-годишна возраст Џон имал 106 килограми и подбивно врсниците го нарекувале „прасе“. По ова одлучил да почне диета само со желе, по што загубил околу една третина од телесната тежина, но тоа не ги спречило неговите врсници да продолжат со подбивањата.
За да ја зголеми сопствената самодоверба, Џон почнал да тренира бејзбол, а неговиот татко му бил тренер. Во една прилика Џон кажа:
„Татко ми секогаш ми велеше: ‘Ако во спортот вложиш барем половина од напорот што го вложуваш во тоа да го подобриш изгледот, би можел да бидеш добар бејзбол играч’“.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





