Се оженил за жена со проблематично минато, со години имал две семејства – Факти за Енцо Ферари
Во тој период Лина сметала дека Енцо е „лошо момче“ и горделив човек, а со него ќе се сретне 5 години подоцна, откако ќе почне да работи во канцелариите на Carrozzeria Orlandi, каде се изработувале шасиите за тркачките автомобили на Ферари.
Ферари во тој период веќе бил реализиран маж, на возраст од 31 година, но Лина го освоила со своите манири и тој веднаш ѝ предложил да почне да работи како негова секретарка.

Набрзо по ова Енцо, кој имал мошне проблематичен брак со Лаура Доменика, влегол во романтична врска и со Лина.

По раѓањето на синот Дино во 1932-ра година, Енцо одлучил да се откаже од автомобилските трки и да се сконцентрира повеќе на изградбата на тркачките автомобили во Alfa Romeo.

Во 1945-та година, Енцо од врската со Лина ќе го добие синот Пјеро, кој долги години воопшто нема да го носи презимето на татко му. Пјеро, на некој начин бил утеха за Енцо, кој долги години се борел да го спаси својот син Дино кој боледувал од вродена мускулна дистрофија.

Во 1956-та година синот од бракот со Лаура, Дино починал на 24-годишна возраст, а тоа оставило голема траума за Енцо. Токму во оваа прилика Енцо ќе ги каже познатите зборови:
„Кога маж ќе ѝ каже на жена дека ја сака, тој само ја посакува. Единствената целосна љубов на овој свет е само онаа на таткото кон својот син.“

По смртта на Дино, Енцо бил скршен од болка, по што целосно водењето на компанијата ѝ го препуштил на сопругата Лаура. Но, со своето лошо менаџирање и лошиот однос кон вработените Лаура ќе предизвика голема криза во компанијата – осум клучни луѓе ќе си заминат и ќе одлучат да основаат свој бренд со кој ќе му се одмаздат на Ферари.

Енцо ќе остане во брак со Лаура, сѐ до нејзината смрт во 1978-ма година, а Лина била неговата љубовница со која се гледал во тајност. По смртта на Лаура, Енцо ќе ги викне Лина и синот Пјеро да живеат во неговата куќа во Модена.

Дури по смртта на Лаура, Пјеро го променил презимето во Ферари, а добил сопственост од 10 проценти во компанијата. Во 2015-та година кога „Ferrari“ беше ставена на јавна понуда Пјеро стана милијардер. Неговото богатство се проценува дека изнесува 4,5 милијарди долари.

Пјеро и Лина живееле заедно со Енцо во последните 10 години од неговиот живот, односно сѐ до неговата смрт во 1978-ма година.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност
„Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...