Се оженил со неа заради миразот, во првиот месец од бракот имал 3 љубовници - Тажната приказна на Грејс Кели
Во 1962-та година Кели повторно сакала да се врати на филмовите и требало да игра во нов филм на Алфред Хичкок. Таа првично објавила дека ја прифаќа улогата, за потоа да информира дека заради тоа што сопругот и децата нема да ја придружуваат нема да биде во можност да игра.

Додека била принцеза Грејс Кели имала неколку свои телевизиски проекти, како драмски читања, читање на текст во документарни филмови, видео снимка за Оскарите во 1968-мата година, но никогаш не се вратила на снимањето филмови.
„Вистината е дека нејзиниот живот беше целосно ограничен – таа беше принцеза затворена во замокот“ – рече нејзината колешка Ли Грант во 2015-та година.

Во јавноста нештата изгледале магично, а во приватниот живот Грејс била мошне несреќна. Уште во првиот месец од бракот Раниер имал три други љубовници, заради што таа се чувствувала понижено и несреќно. Според гласините, за да му се одмазди на Раниер за неверствата, Грејс Кели имала афери со Марлон Брандо и Френк Синатра. Наводно аферата со Синатра била долгогодишна, па дури заедно купиле и куќа во Франција каде се гледале.

Грејс Кели и принцезата Дијана имаа средба за време на настанот кога принцот Чарлс за првпат ја претставил својата нова 19-годишна свршеница. Наводно во женскиот тоалет Грејс Кели ѝ рекла на Дијана:
„Немој да се грижиш, може само да стане полошо“.

Во 70-тите години се шпекулираше дека Грејс Кели има свој стан во Париз каде бега од принцот, а таа одговори на гласините така што рече дека само сака да помине повеќе време со ќерка ѝ Каролин која во тоа време поминуваше низ развод. Две години пред нејзината смрт се појавија шпекулации дека е во врска со 18 години помладиот австралиски режисер Роберт Дорнхелм. Сепак, тие тврдеја дека се само пријатели.

Во септември 1982-ра година Грејс Кели имаше сообраќајна несреќа додека управувала со нејзиниот автомобил покрај Азурниот брег. Според официјалната верзија принцезата најверојатно имала мозочен удар по што загубила контрола над возилото.
Според првичните информации, принцезата не била во животно загрозувачка состојба, а веќе следниот ден информираа дека го загубила животот. Нејзината смрт во голема мера беше предмет на теории на заговори и на шпекулации, а повторно го врати интересот за легендите за проклетството на Грибалди.

Според една од теориите, со автомобилот управувала нејзината ќерка Стефани и во моментот се расправале. Но, Стефани никогаш не проговори јавно за тоа што точно се случило тој кобен ден.

Раниер почина во 2005-та година, по што беше наследен од неговиот син Алберт Втори, сопругот на Шарлен Грибалди која денес е позната како „најтажната принцеза на светот“.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...