Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врската на Дијана и Чарлс

Истата година по само неколку месеци Чарлс заминал во Австралија каде требало да престојува пет недели. Дијана била забележана како плаче на аеродромот откако го испратила, но не затоа што тој заминал, туку затоа што пред да замине разговарал на телефон со Камила.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-08.jpg

На 29-ти јули 1981-ва година се одржа кралската свадба на Чарлс и Дијана. Малкумина знаат дека таа сакала да ја откаже свадбата откако нашла алка што Чарлс ја нарачал за Камила, но нејзините сестри ѝ рекле дека веќе е премногу доцна.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-10.jpg

Откако во 1982-ра година го добиле принцот Вилијам, Дијана почнала да страда од постпородилна депресија.

„Се будиш наутро и чувствуваш дека не сакаш да станеш од кревет, се чувствуваш како никој да не те разбира и немаш самодоверба“ – рече таа во интервјуто за BBC од 1995-та година.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-11.jpg

Во 1984-та година парот го доби принцот Хари, а две години подоцна во 1986-та година тие се толку несреќни во бракот што и двајцата веќе имаат афери.

Чарлс продолжува да се гледа со Камила, а Дијана ја започнува врската со капетанот Џејмс Хјуит.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-18.jpg

Периодот од 1987-ма година до 1992-ра година беше преполн со шпекулации и пишувања за проблемите во бракот. Дијана одбива да го придружува Чарлс на некои од патувањата што ги поттикнува пишувањата за пауза и развод, а во 1988-ма година Vanity Fair ќе напише:

„Таа беше сакана од сите во светот, освен од нејзиниот сопруг... Во средината на 20-тите години се соочи со нешто што не можеше да го поднесе: брак од бајка што се претвори во договорен брак“.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-09.jpg

Во 1992-ра година ќе биде објавена книгата Diana: Her True Story каде таа ќе открие сѐ за нејзиниот брак со Чарлс, за неговата афера, како и за нејзините проблеми со менталното здравје.

Се знае дека таа тајно му помогнала на авторот Ендрју Мортон, така што му пратила аудио касети со нејзини исповеди.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-14.jpg

Во септември 1992-ра Дијана и Чарлс ќе одат во официјална посета на Кореја, но изгледале толку лошо што британските медиуми ќе ги наречат „Депресивните“ (The Glums).

По враќањето од патувањето Бакингемската палата ќе излезе со соопштение за разводот на кралскиот пар.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-20.jpg

Во интервју во 1995-та година Дијана ќе рече дека чувствувала „длабока тага“ за одлуката за развод.

„Се трудевме да го одржиме бракот, но очигледно и двајцата немавме повеќе сила“.

 se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-19.jpg

Во 1996-та година беше донесена конечната одлука за разводот на Дијана и Чарлс. Таа доби значајна финансиска исплата, но ја загуби титулата и статусот височество. Трагично, нејзиниот живот заврши само една година по разводот во 1997-ма година.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-21.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ја напуштила на 8 години, била љубоморна на принцезата и ја обвинувала за разводот – Чудниот однос н... Францис Шанд Кид, мајката на Дијана чувствувала огромна грижа на совест затоа шт...
Тажната приказна на втората љубовница на Чарлс, што сите ја заборавија - била опседната со него, не ... Ако Камила знаела да биде дискретна за аферата, Дејл Тајрон Канга сакала насекад...
Шлаканицата на Бата била вистинска, снимале со камера голема колку плакар – детали за снимањето на л... Маестралната комедија „Ко то тамо пева“ напишана од раката на извонредниот сцена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg