Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врската на Дијана и Чарлс

Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би се омажила за него „без разлика дали е слуга или крал“. Дијана сакала да ја откаже венчавката, но сестрите сепак ја убедиле да не го направи тоа – Помалку познати факти за врската на Чарлс и Дијана...

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-01.jpg

Љубовната приказна на Принцот Чарлс и принцезата Дијана е тажна приказна, што многумина сметаат дека ја знаат во целост, благодарение на големиот број книги, документарни филмови и ТВ серии направени за нивниот живот.

Дијана трагично почина само една година откако официјално нивниот развод доби судска разрешница, откако претходно јавно во медиумите говореше за нивните брачни проблеми, аферите на сегашниот крал и за тоа како навистина се чувствувала.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-02.jpg

Од нивниот развод се поминати 26 години, но нивната врска е една од оние што најмногу остави впечаток кај јавноста.

Приказната ја знаат сите: Чарлс се оженил за 19-годишната Дијана, ја изневерувал и имал афери, а таа наместо да молчи, почна јавно да говори за проблемите, по што следуваше развод и смртта на принцезата.

Сепак, постојат повеќе помалку познати детали, што повеќето ги заборавиле.

Во продолжение издвојуваме неколку помалку познати факти и детали за нивната врска и брак:

Дијана и Чарлс се запознале во 1977-ма година кога таа имала само 16 години, а тој се гледал со нејзината сестра Сара.

Чарлс допатувал на нивниот имот во Нортхамптоншир, каде требало да оди на лов. Во подоцнежно интервју вели дека Дијана уште тогаш го привлекла затоа што била мошне „забавна личност“.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-03.jpg

Една година подоцна, во 1978-ма година Чарлс и Сара заминале на скијање каде биле фотографирани од папараци. Наводно, тука, Сара дала изјава за медиумите во која рекла дека „нема да се омажи за него, без разлика на тоа дали е слуга или крал на Англија“.

Се верува дека заради оваа навредлива изјава Чарлс раскинал со Сара. Но, и двете сестри го продолжиле контактот со него, па дури присуствувале на забавата по повод неговиот 30-ти роденден во Бакингемската палата.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-04.jpg

Во 1980-та година, Дијана веќе била полнолетна, па така таа и Чарлс биле поканети да престојуваат во семејниот дом на нивниот заеднички пријател Филип де Пас во Сасекс.

Токму тука, Чарлс за првпат почнал отворено да разговара со Дијана, а се верува дека таа му пружила утеха заради смртта на неговиот прадедо со кого тој мил мошне близок, Лорд Маунтбатен.

„Во следната минута се фрли врз мене, па нештата оттука почнаа да се развиваат понатаму“ – раскажува Дијана во документарниот филм Diana: In Her Own Words.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-07.jpg

Истата година во септември, Дијана била фотографирана во Балморал во Шкотска, по што јавноста дознала за нивната врска.

se-nafrlil-vrz-nea-po-prvata-sredba-zaradi-aferite-sakala-da-ja-otkazhe-svadbata-pomalku-poznati-detali-od-vrskata-na-dijana-i-charls-16.jpg

По само неколку состаноци, во 1981-ва година Чарлс ја запросил Дијана, по што медиумите почнуваат веднаш да покажуваат огромен интерес за неа.

Во нивното прво заедничко интервју новинарите им поставиле прашање дали се вљубени еден во друг, на што Дијана одговорила: „Да, секако“, а Чарлс додал „што и да значи да се биде вљубен“. Неговиот одговор може да се види на крајот од видеото:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ја напуштила на 8 години, била љубоморна на принцезата и ја обвинувала за разводот – Чудниот однос н... Францис Шанд Кид, мајката на Дијана чувствувала огромна грижа на совест затоа шт...
Тажната приказна на втората љубовница на Чарлс, што сите ја заборавија - била опседната со него, не ... Ако Камила знаела да биде дискретна за аферата, Дејл Тајрон Канга сакала насекад...
Шлаканицата на Бата била вистинска, снимале со камера голема колку плакар – детали за снимањето на л... Маестралната комедија „Ко то тамо пева“ напишана од раката на извонредниот сцена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg