Ја натерале да се омажи за да не остане сама, позната е и по тоа што „не старее“ и на 70 години – Факти за Вера Ванг

Вера во една прилика призна дека голем број од нејзините пријатели, меѓу кои Ралф Лорен и Ана Винтур почнале да ја советуваат дека треба да стапи во брак и да не остане сама цел живот.

Така таа на возраст од 39 години во 1989-та година се омажила за Артур Бекер – инвеститорот за кого се верува дека одиграл мошне важна улога во тоа да ја направи една од најславните дизајнерки на сите времиња.

„Некој да ми речеше дека јас ќе бидам таа девојка што нема да се омажи до 40 години, а ќе изгради бизнис заснован на венчаници, ќе се смеев. Сите веруваа дека цел живот ќе останам сама“ – рече таа во една прилика.

ja-naterale-da-se-omazhi-za-da-ne-ostane-sama-se-razvela-od-soprugot-shto-ja-napravi-slavna-fakti-za-vera-vang-07.jpg

Интересно, но токму додека ја подготвувала сопствената свадба, Вера одлучила што е она што навистина сака да го прави. Не можејќи да најде венчаница што ѝ се допаѓа, таа одлучила дека сака да креира такви модели.

ja-naterale-da-se-omazhi-za-da-ne-ostane-sama-se-razvela-od-soprugot-shto-ja-napravi-slavna-fakti-za-vera-vang-08.jpg

Она што е најинтересно за неа е што таа уште на самиот почеток почнала да ги прекршува традиционалните правила.

Црна венчаница или венчаница во која било боја, па одлучи и дека жените не мора да ги кријат рацете и направи вечерна тоалета без ракавици.

Во една прилика таа направи колекција венчаници направени од материјал што една година бил потопен во чај.

ja-naterale-da-se-omazhi-za-da-ne-ostane-sama-se-razvela-od-soprugot-shto-ja-napravi-slavna-fakti-za-vera-vang-14.jpg

Токму затоа се верува дека Вера Ванг денес е можеби најпозната како креаторка на најголемиот број венчаници за славните, а дури и Џеј Ло требаше да носи нејзина креација на свадбата што никогаш не се случи во 2002 година.

ja-naterale-da-se-omazhi-za-da-ne-ostane-sama-se-razvela-od-soprugot-shto-ja-napravi-slavna-fakti-za-vera-vang-15.jpg

На приватен план Вера беше во брак со сопругот Артур Бекeр сѐ до 2013-та година, или речиси 23 години, а во 1990-та година, заедно посвоија и две ќерки, Сесилија и Џозефин Бекер. Вера и по разводот остана мошне блиска со ќерките, а во една прилика откри дека и со сопругот се во пријателски односи.

ja-naterale-da-se-omazhi-za-da-ne-ostane-sama-se-razvela-od-soprugot-shto-ja-napravi-slavna-fakti-za-vera-vang-11.jpg

Со оглед на тоа што Вера е авторитет во светот на високата мода, нејзините ќерки никогаш не носеле скапа и брендирана облека. Напротив, таа ги облекувала во облека купена во сите поевтини продавници затоа што не сакала тие да отскокнуваат од средината.

ja-naterale-da-se-omazhi-za-da-ne-ostane-sama-se-razvela-od-soprugot-shto-ja-napravi-slavna-fakti-za-vera-vang-17.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава