Мажите користат шминка и уште 7 факти за животот во Кина што ќе ве изненадат

Кинезите ја перат долната облека само на рака, а бидејќи чорапите ги сметаат за највалкани, никако не ги ставаат во машина со друга облека.

mazhite-koristat-shminka-i-ushte-7-fakti-za-zhivotot-vo-kina-shto-kje-ve-iznenadat-01.jpg

Како една од најуникатните, но и најнаселените земји во светот, Кина секогаш има да понуди многу интересни работи, доживувања и обичаи.

Неколку факти кои одлично го прикажуваат ова:

Долната облека ја перат само на рака

Повеќето луѓе ја делат облеката на шарена, црна и бела пред да ја стават во машина за перење. Но, Кинезите се многу потемелни.

Тие настојуваат да ја перат долната облека само на рака. Ова важи и за помали парчиња, како маици.

Истовремено, тие никако не перат чорапи и друга облека наеднаш бидејќи чорапите се највалкани и не сакаат да ги мешаат со други парчиња.

mazhite-koristat-shminka-i-ushte-7-fakti-za-zhivotot-vo-kina-shto-kje-ve-iznenadat-02.jpg

Истакнатите клучни коски се знак за убавина

Бидејќи истакнатите клучни коски се знак на убавина, во Кина има многу бизарни предизвици со кои девојки го покажуваат овој адут.

На пример, тие ставаат разни предмети на клучните коски, па дури ставаат и вода во празнината што се формира над нив.

mazhite-koristat-shminka-i-ushte-7-fakti-za-zhivotot-vo-kina-shto-kje-ve-iznenadat-03.jpg

Покажувањето на деколтето и стомакот е вулгарно

Кинезите ја ценат скромноста, особено кај жените.

Па, деколтето и разголениот стомак многумина ги сметаат за вулгарни.

Сепак, помладите девојки знаат да облечат кроп-топ маички, но овие модели уште не се популарни како кај нас.

mazhite-koristat-shminka-i-ushte-7-fakti-za-zhivotot-vo-kina-shto-kje-ve-iznenadat-04.jpg

Се користат разни гестикулации за комуникација

Покрај говорниот јазик, Кинезите користат и некои гестикулации.

На пример, тропањето на маса со два прста, особено во ресторан, е знак на благодарност.

Ако, пак, келнерот (или домаќинот ако сте на гости) гледа кон вас и си го допре стомакот, со тоа ве прашува дали сте сити.

mazhite-koristat-shminka-i-ushte-7-fakti-za-zhivotot-vo-kina-shto-kje-ve-iznenadat-05.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава