Сунѓерот во кујната може да има многу салмонела и уште 17 факти за хигиената

Знаевте ли дека неколку анкети покажале дека 4 од 5 луѓе ширум светот не ги мијат рацете по посетата на тоалетот?

Koristeniot-sungjer-vo-kujnata-mozhe-da-gi-sodrzhi-bakteriite-esherihija-koli-i-salmonela-20-fakti-za-higienata-koi-treba-da-gi-znaete 01 630x330.jpg

Хигиената е наука за здравјето чии основни вредности се зачувување и заштита на здравјето на луѓето. Нејзините задачи како „модерна“ наука се групираат на неколку специјализирани области, а една од нив е токму личната хигиена.

Одржувањето на личната хигиена е основа на културата на секој човек, но и најдобра превенција од појава на разни заболувања (настинка, грип, заразна дијареја, заразна жолтица, разни видови на заболувања на кожата, габични инфекции итн).

Личната хигиена во принцип означува одржување на чистотата на рацете и на телото, оралната хигиена, уредност на косата и ноктите, како и чистотата на облеката и обувките на поединецот.

Во продолжение ви претставуваме 18 факти за хигиената кои веројатно не сте ги знаеле:

1. Зборот „хигиена“ потекнува од „Хигија“ - името на грчката божица на здравјето, чистотата и Месечината.

2. Човечкото тело е дом на над 1.000 видови бактерии. На вашето тело има повеќе микроби отколку луѓе во Соединетите држави.

3. Антибактерискиот сапун не е ништо поефикасен во спречувањето на инфекција отколку обичните сапуни, а триклозанот (активната состојка) може да предизвика хормонална нерамнотежа според некои истражувања.

4. Претераното хигиенско опкружување може да биде лошо за малите деца. Односно, бројни истражувања покажале дека децата кои почесто се валкале додека си играле надвор, подоцна во животот поретко се соочувале со проблеми како астма и алергии.

5. На монасите на Џаин Дарма (помала религија од Индија) им е забрането да се капат, освен да ги мијат рацете и нозете, верувајќи дека чинот на капење може да загрози милиони микроорганизми што живеат во водата.

6. Античките Египќани и Ацтеките триеле урина на својата кожа и така ги третирале исекотините и изгорениците. Познато е дека уреата, клучна хемикалија во урината, убива габи и бактерии.

7. Ученик од седмо одделение од Флорида го освоил првото место на училишен саем за науки, докажувајќи дека во рестораните за брза храна има повеќе бактерии отколку во тоалетите.

Koristeniot-sungjer-vo-kujnata-mozhe-da-gi-sodrzhi-bakteriite-esherihija-koli-i-salmonela-20-fakti-za-higienata-koi-treba-da-gi-znaete 02 630x380.jpg

8. Користениот сунѓер во кујната може да содржи илјадници бактерии на метар квадратен, вклучувајќи ги бактериите ешерихија коли и салмонела, па затоа редовно менувајте го.

9. И покрај популарното верување, не постои правило „пет секунди“ кога станува збор за храна што паднала на подот. Бактериите веднаш ја „загадуваат“ храната.

10. Според неколку анкети, 4 од 5 луѓе ширум светот не ги мијат рацете по посетата на тоалетот.

11. Повеќе бактерии се наоѓаат на тастатурата и далечинскиот управувач, отколку во тоалетот.

12. Доколку при истекување на вода во тоалетот не го спуштите капакот, може да испрскате бактерии околу бањата на растојание од 2 метри.

13. Рацете се најголем извор на бактерии во домот. Истражувањата покажуваат дека редовното миење на рацете ги намалува настинките и дијарејата.

14. Според неколку истражувања на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, околу 62% од анкетираните готвачи во САД не си ги миеле рацете пред да почнат со приготвување храна.

Koristeniot-sungjer-vo-kujnata-mozhe-da-gi-sodrzhi-bakteriite-esherihija-koli-i-salmonela-20-fakti-za-higienata-koi-treba-da-gi-znaete 03 630x380.jpg

15. Првата помодерна четка за заби била патентирана во Кина во 1498 година. Рачката била направена од бамбус или коска и на неа имало влакна од вид свиња. 

16. Додека некои бактерии предизвикуваат болест, други се корисни. Тие се основа на синџирот на исхрана, без кој воопшто не би можеле да преживееме на Земјата.

17. Просторијата за спиење е совршен „плоден терен“ за грини кои се хранат со мртва кожа. Просечниот човек отфрла до 10 грама мртва кожа неделно и до 18 килограми во текот на животот.

18. Повеќето луѓе мислат дека тоалетот е најзагадениот дел од куќата, но вистината е дека мијалникот во кујната може да содржи до 100.000 пати повеќе бактерии.

koristeniot-sungjer-vo-kujnata-mozhe-da-gi-sodrzhi-bakteriite-esherihija-koli-i-salmonella-20-fakti-za-higienata-koi-treba-da-gi-znaete-08.jpg

Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Цитати кои ќе ви ја смират анксиозноста и ќе ви помогнат да се ослободите од грижите „Ви ветувам дека ништо не е хаотично како што ви изгледа. Ништо не е толку вредн...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg