„Стариот пријател е најдоброто огледало“ - Моќни цитати за пријателството

Вистинското, искрено пријателство е најдоброто нешто што некому може да му се случи, па затоа, кога веќе таа личност постои во вашиот живот, одвреме навреме кажувајте ѝ и покажувајте ѝ колку навистина ви значи.

Vistinskoto-prijatelstvo-doagja-koga-tishinata-pomegju-dve-lica-stanuva-prijatna-citati-koi-na-izvonreden-nachin-go-dolovuvaat-prijatelstvoto 01 630x330.jpg

Во продолжение 20 цитати кои на прекрасен начин го доловуваат пријателството:

„Пријателот може да се смета за ремек-дело на природата“ -  Ралф Валдо Емерсон

„Јазикот на пријателството не е во зборовите, туку во значењата“  -  Хенри Дејвид Торо

„Љубовта е кавијар и свадбена торта, јагоди и шлаг. Љубовта е шампањ. Пријателството е свеж леб и путер, бело сирење и чај за двајца. Во животот, се разбира, најдобро е да се комбинираат и двете. Но, пријателството полесно се вари“  -  Пем Браун

„Не ми треба пријател кој се согласува со сè и постојано клима со главата, бидејќи мојата сенка го прави тоа многу подобро“  -  Плутарх

„Меѓу пријателите не треба да ги сакаме само оние што жалат за нашата несреќа, туку и оние што не завидуваат на нашата среќа“  -  Сократ

„На крајот, нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели“  -   Мартин Лутер Кинг, Јуниор

„Не одиј пред мене, можеби нема да те следам. Не следи ме, можеби нема да те водам. Оди покрај мене и само биди мој пријател“  -  Албер Ками

„На луѓето со кои штотуку сме се спријателиле и кои покажуваат дека сме повеќе од нивните стари пријатели, не треба да им се верува. Така ќе се однесуваат и со нас кога ќе стекнат нови пријатели“  -  Езоп

„Вистинското пријателство доаѓа кога тишината меѓу две лица станува пријатна“  -  Дин Кунц

„Сечиј пријател, всушност е ничиј пријател“  -  Артур Шопенхауер

„Пријателството ни покажува дека во ниту една тага и радост не сме сами“  -  Пем Браун

„Пријателството е една душа во две тела“  -   Аристотел

Vistinskoto-prijatelstvo-doagja-koga-tishinata-pomegju-dve-lica-stanuva-prijatna-citati-koi-na-izvonreden-nachin-go-dolovuvaat-prijatelstvoto 02 630x400.jpg

„За мене, пријателството е доказ дека има нешто посилно од идеологијата, религијата, нацијата“  -  Милан Кундера

„Пријателството е најтешката работа на светот што треба да се објасни. Тоа не е нешто што се учи во училиште и ако не сте ја научиле смислата на пријателството, навистина не сте научиле ништо“  -  Мухамед Али

„Секој ќе знае да ви каже колку кози и овци има, но не и колку пријатели“  -  Сократ

„Виното ги соединува пријателите, а пак солзите ги ставаат во исушение“  -  Германска поговорка

„Зар не го уништувам непријателот кога ќе го претворам во пријател?“  -  Абрахам Линколн

„Пријател е оној кој те познава онаков каков што навистина си, разбира низ што сѐ си поминал, те прифаќа онаков каков што си и сепак ти дозволува да растеш“  -  Вилијам Шекспир

„Многу луѓе сакаат да се возат со вас во автомобилот, но сè што вие сакате е некој кој ќе се вози со вас во автобусот кога автомобилот ќе се расипе“  -  Опра Винфри

„Единствениот начин да стекнеш пријатели е да бидеш пријател“  -  Ралф Валдо Емерсон

„Стариот пријател е најдоброто огледало“  -  Џорџ Херберт

„Ги ценам пријателите кои наоѓаат време за мене во својот календар, но ги негувам пријателите кои воопшто не гледаат во календарот“  -  Роберт Браул

„Пријателството се раѓа кога едно лице му рече на другото: 'Што? Зар и ти? Мислев дека сум единствениот!'“  -  К. С. Луис

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg