Моќни цитати од македонски автори што ќе ве натераат на размислување

„Богат не е тој што има пари, вели, туку тој што нема сиромашна душа” - вели Петре М. Андреевски во „Пиреј“. Издвојуваме можни цитати од македонски автори што ќе ве натераат на размислување.

mokjni-citati-od-makedonski-avtori-shto-kje-ve-nateraat-na-razmisluvanje-01.jpg

Колку од нас, љубителите на книги подвлекуваат мудри мисли или зборови кои означуваат суштина во книгите што ги читаме? Всушност, некогаш тие реченици ќе ве допрат, ќе ве замислат, ќе ви го променат размислувањето.

Во прилог некои моќни цитати од македонски дела кои раскажуваат цели поуки, даваат суштина, продираат во човечката мисла и психа.

„Пиреј“ - Петре М. Андреевски

„Богат не е тој што има пари, вели, туку тој што нема сиромашна душа.”

„Брза е младоста, човече, ко вода истекнува.”

„Луѓето се исти“, велам јас, „ама умот не е ист во луѓето.”

„Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек.”

mokni-citati-od-makedonski-dela-04.jpg

„Вештица“ – Венко Андоновски

„Љубов постои. Не секаде, не секогаш, но постои. Тоа е најважниот личен вселенски настан: како пронаоѓање на опашеста ѕвезда, твоја опашеста ѕвезда која никој друг не ја гледа.“

„Секое патување е по малку и умирање. Низ врата почнува секое патување, а смртта, како и љубовта е врата. Два пламени разделени, еден зад прагот, еден далеку од прагот; ако биле слаби, ветрот ќе ги згасне. Ако биле силни, само ќе ги распламти уште повеќе!“

„Пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.“

„Љубовта не е милостина. Кога даваш милостина, се откажуваш од златник; кога даваш љубов се откажуваш од себе. И раката која го прима златникот, брза да го потроши; раката која го прима подареното срце брза да го сочува.“

„За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење – отсуство поприсутно од присуството треба да се има.“

„Секогаш се кажува премногу кога разумот, тој џелат на срцето ќе заспие и ќе го пушти срцето на слобода.“

mokni-citati-od-makedonski-dela-02.jpg

„Полиња со диви нарциси“ – Винка Саздова

 „Никогаш не легнувај право в постела. Остави го денот да се распрсне, па слегни во тишината на ноќта. Убаво одмори си ја душата и дури потоа легни. Сонот сака одморени души.“

„Некогаш болката ја покрива сета љубов во тебе, онака како што црниот облак го прекрива сонцето. Чудно е тоа дека кога љубиш го љубиш сиот свет, го чувствуваш близок, свој, а кога страдаш се оддалечуваш од се. Дури и од оние кои немаат удел во твоето страдање.“

„Понекогаш најдобрата помош е воопшто да не помагаш.“

„Засакај се себе и ќе го засакаш сиот свет. Помогни ми на другиот и си се спасил себе.“

„Долг е заборавот ако со некого не си го завршил разговорот.“

„Зборовите мора да ги извадиш од себе, ако не го сториш тоа ќе те исполнат со застојани мириси, со мувла, со тага.“

„Никој не може да ти биде толку далечен, колку оној што некогаш ти бил многу близок.“

„Не плачеме од болката. Плачеме од неприфаќањето на сопствените одлуки кои ги нарекуваме судбина“

„Минатото е толкување, затоа е променливо.“

„Навидум бегаме од болката, а длабоко во себе како да ја посакуваме.“

mokni-citati-od-makedonski-dela-05.jpg

М.У.Т. | Црнобело/ фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg