Збогување со нејзиниот принц: Кралицата ја објави омилената фотка со сопругот неколку часа пред погребот

По желба на кралицата, Бакингемската палата ја објави нејзината омилена фотка со сопругот, неколку часа пред да се збогува за последен пат од принцот Филип по 73 години брак.

zboguvanje-so-nejziniot-princ-kralicata-ja-objavi-omilenata-fotka-so-soprugot-nekolku-chasa-pred-pogrebot-01.jpg

Во 16 часот ќе започне церемонијата за погреб на принцот Филип, кој почина на 9-ти април, на 99-годишна возраст, мирно во својот дом во Виндзор.

zboguvanje-so-nejziniot-princ-kralicata-ja-objavi-omilenata-fotka-so-soprugot-nekolku-chasa-pred-pogrebot-02.jpgЦвеќиња послани пред капелата St. George

Кралицата го загуби својот сакан сопруг по 73 години среќен брак, а нејзина желба била со јавноста да ја сподели омилената фотка со него, неколку часа пред последното испраќање.

На фотографијата направена во 2003-та, парот е на летен одмор, а насмевките на нивните лица кажуваат повеќе од сите зборови со кои би се опишал еден среќен момент.

Во сосема природно и опуштено издание, парот уживал на пикник:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Госпоѓа Љубица вежба пилатес на прагот од 80-тата година (фото) Фотката која беше објавена на профил на клуб за пилатес во Скопје е вистинска ин...
Игор Џамбазов и Моника Црнокрак пред 24 години vs. денес: „Ме викаше тита, а денес е една од најубав... „Тогаш имаше 3 годинки и ме викаше 'тита', што ѝ да ѝ значеше тоа. Денес е една ...

Најчитани неделава