Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи

Војска

Зошто Мујо и Хасо добиле кила во војска?

Затоа што старешината им рекол да го „кренат тенкот во воздух“.

Добра и лоша вест

Мујо и Хасо требало на раце да однесат замрзнувач на 10-тиот кат во една зграда. Во еден момент Мујо му рекол на Хасо:

- Брат имам една добра и една лоша вест...

- Која е добрата, а која е лошата? – прашал Хасо.

- Па добрата е дека сме на осми кат, а лошата е дека ја згрешивме зградата.

Мигранти

Го прашале Мујо што мисли за мигрантите што масовно доаѓаа на Балканот, а тој одговорил:

- Јас мислам дека тие луѓе ги поминаа сите граници!

Да не се фрли

Оди Мујо кај Хасо на гости и гледа како жена му и децата скокаат боси по снегот. Влегува внатре кај Хасо и го прашува:

- Абе брат, зошто жена ти и децата скокаат боси по снегот, што е работата...?

- Ма имам некој сируп против грип и кашлица, ќе му истече рокот за некој ден, па велам да не се фрли за џабе.

Здравствена книшка

Хасо се разболел, но немал здравствено осигурување и го замолил Мујо да му ја позајми неговата здравствена книшка.

- Аман, те молам Хасо, пази да не те фатат, ќе биде лошо и за двајцата – го предупредил Мујо.

Стигнал Хасо кај лекарот, му ја дава книшката, а лекарот ја отвора книшката и му вели:

- Добро, што ти е тебе, Мујо?

- Па најдобар другар.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Хит вицеви за Македонците - на доктор, на аеродром, во сообраќај Македонска свадба: – Тато, колку чинеше свадбата со мама? – Сине, уште ја плаќам...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg