8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место
Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се случува некоја глупост кога најмалку треба?

Во светов има многу такви баксузи, а ги издвојуваме оние што се посрамотиле на првиот ден на ново работно место.
На онлајн форуми се споделуваат фотки од ситуации во кои нови вработени не поминале баш добро на првиот ден на работа.
Погледнете дел од нив во продолжение:
„Се заклучив во канцеларија на првиот ден на работа. Резервниот клуч не помогна и го свиткав обидувајќи се да отклучам“.

„Мојот сопруг доби 14 кошули кои беа правени по нарачка за него, но му го згрешиле името при печатење“.

„Новиот вработен истури неколку литри оцет на првиот ден на работа“.

„Новиот вработен се обидуваше да го прецеди маслото од фритезата во пластичен сад“.

„Новиот вработен ни го загоре апаратот за готвење ориз и погодете кој треба да го чисти“.

„А утре ми е прв ден на новата работа“.

„Се сопнав на излегување од автомобил додека држев пијалак во рака. Ова беше точно 3 минути пред мојот состанок со директорот на новото работно место“.

„Почнав нова работа како наставник. Денес на час седнав на клупава... за среќа никој не седеше таму“.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“
Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки
„Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери
Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
10 фото-докази дека луѓето кои живеат заедно никогаш нема да се спогодат за некои работи
Како се мести машина, како се сечат сендвичи и уште многу други проблеми кои пот...
Смешна фото-компилација: „Специјалитети“ од луѓе кои никогаш не треба да стапнат во кујна
Мизерна вечера од виршли и стопен кашкавал, перек од ракчиња кој изгледа сомните...
11 луѓе чие разочарување се гледа дури и од Месечината (фото)
„Мајка ми ја порача тортава од пријателка. Сега пријателката не сфаќа зошто мајк...
