Македонка бира лубеница со Chat GPT: „Одбери ми зрела, блага и заокружи ја“
„И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се дел од коментарите што ги доби Маја, откако ја пресече лубеницата што Chat GPT ја избра за неа.

Маја Џордано од Прилеп 17 години работи како тату артист. Таа изминатиов период го привлече вниманието на јавноста со своите забавни видеа на Инстаграм на кои ја „глумеше“ Светле - „нервозна жена со изботоксирана уста и силна сенка на очите“.
Со овие видеа, Маја преку Светле, на комичен начин опишуваше моменти од нашето секојдневие и измамуваше насмевки на лицата на своите следбеници на социјалните мрежи.

Откако неодамна беа укинати неколку филтри на Инстаграм и ТикТок, вклучувајќи го и оној со кој Маја ја создаваше Светле, таа реши да креира неколку други ликови, а реакциите на видеата што ги објавува и понатаму се „урнебесни“ и таа само ниже комплименти за својата креативност и смислата за хумор.
Ништо поразлично не беше ни видеото во кое, Маја реши да се пошегува на сметка на сè помасовната употреба на Chat GPT во секојдневниот живот.
„Бираме лубеница со Chat GPT“ - вели таа на почетокот на видеото.
Па, пред да почне „изборот“ на Chat GPT му ги дава потребните инструкции.
„Одбери ми зрела и блага лубеница“, по што испраќа и фотографија од многу лубеници наредени една врз друга.

По ова, Маја бара Chat GPT на фотката да ѝ ја заокружи најдобрата лубеница, па откако ќе ја земе, веднаш ја сече за да види колку бил добар изборот на оваа алатка за вештачка интелигенција, која сè почесто се користи во сите сфери на животот.
Лубеницата е зрела, дури и пука додека ја сечат, па се чини дека Chat GPT не згрешил во изборот.
„И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се дел од коментарите.

Но, имаше и такви што ја прашаа дали навистина била блага, на што Маја одговара дека лубеницата била „шербет“.
„Ете беља, сега ќе почнат жени да заокружуваат, ха, ха“ - стои во коментарите.
На ова Маја вели:
„Одбери ми која од овие жени не е психопатка, според изглед. Па ќе ги доведе во ред, нема да има разводи, ха, ха“.
Кликнете и погледнете го забавното видео:
Прочитајте и Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот' на устата“
А. Ј. | Црнобело
