„Ајде на пијачка. Не можам, на диета сум. Каква диета? Финансиска!“ и уште 12 хумористични твитови

 „Денес дадов 700 денари за пудра, а потоа видов дека од утре е 400 денари на акција... Вака ми е сè во животот“. „Што ти се допаѓа најмногу на твоето работно место? Вратата низ која поминувам за да си одам дома“.

jezivo-e-kolku-nemam-pochit-kon-svoite-pari-i-ushte-10-humoristichni-tvitovi-01.jpg

Твитерџиите на моменти имаат воодушевувачка смисла за хумор, а на Фејсбук профилот „Комични статуси“ се собрани дел од нивните најзабавни објави, за и оние кои не се на Твитер да уживаат во нив.

Во некои од овие објави, сигурно ќе се пронајдете и вие и слатко ќе се насмеете.

Хумористични твитови:

„Денес дадов 700 денари за пудра, а потоа видов дека од утре е 400 денари на акција... Вака ми е сè во животот“.

„Колку е здодевно кога си ги преболел сите бивши... Немам на кого да пуштам пијана порака и утре да се срамам и да ми биде жал“.

„Ајде на пијачка. Не можам, на диета сум. Каква диета? Финансиска!“

jezivo-e-kolku-nemam-pochit-kon-svoite-pari-i-ushte-10-humoristichni-tvitovi-02.jpg

„На работа одам со брз чекор. За случајно да не се предомислам“.

„Одам во банка да завршам работа и од 4 шалтери секогаш застанувам на оној кај што нешто се комплицира... Тоа е мојот живот“.

„Вчера бев на слава и само рибата (на масата) не ме праша кога ќе се женам“.

„Ако сум безобразен/а кон вас оваа година, ве молам поработете на себе, за да не морам да бидам и наредната“.

„Баба ми живееше 94 години, да знаеше за авокадо и чиа, може ќе поживееше повеќе“.

jezivo-e-kolku-nemam-pochit-kon-svoite-pari-i-ushte-10-humoristichni-tvitovi-03.jpg

„Луѓето што крадат слатки работи од новогодишните пакетчиња на децата се најлоши луѓе“.

„Јас еден ден поминувам 10.000 чекори, а наредниот внесувам 10.000 калории. Важен е балансот“.

„Мене секогаш ме привлекува некоја личност на која 5 психолози и 6 психијатри би можеле да дочекаат пензија“.

„Страшно е колку немам почит кон своите пари“.

„Што ти се допаѓа најмногу на твоето работно место? Вратата низ која поминувам за да си одам дома“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

 

Би можело да ве интересира:

Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...
Смешна компилација: Дизајни од луѓе кои очигледно си ја мразат работата Јавен тоалет со огледала на таванот преку кои се гледа во кабините, душек кој ли...
Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит... „Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај д...
Фото-докази дека браќата и сестрите го прават животот многу позабавен „Ми ја ампутираа ногата и брат ми дојде да ме посети во болница облечен како пир...

Најчитани неделава