Најсмешните твитови за „несоодветниот“ прв танц на Викторија Бекам на свадбата на Бруклин и Никола
Бруклин Бекам сподели дека наместо со сопругата, првиот танц на неговата свадба бил со Викторија, а ја разгоре љубопитноста на јавноста бидејќи рече дека мајка му танцувала „несоодветно потпрена на него“. Бидејќи нема видео, твитерџиите ја искористија смислата за хумор и покажаа како веројатно изгледала целата бизарна ситуација.

Доколку не сте во тек, Бруклин Бекам се огласи за конфликтот со Дејвид и Викторија и кажа не така добри работи за неговите родители.
Сподели дека не планира да го подобри односот со нив, а ги обвини дека го контролирале и дека најважно од сè им бил брендот „Бекам“.
Но, еден детаљ кој привлече можеби најмногу внимание е изјавата на Бруклин во врска со првиот танц со Никола на нивната свадба.
26-годишниот Бруклин вели дека мајка му им го украла првиот танц.
„Мајка ми ми го уништи првиот танц со Никола, кој беше планиран недели однапред, на романтична љубовна песна.
Пред 500-те гости на свадбата, Марк Ентони ме повика на сцената, каде според распоредот беше испланиран мојот романтичен танц со мојата сопруга, но наместо тоа мајка ми чекаше да танцува со мене“, пишува Бруклин.
Потоа додава дека Викторија танцувала несоодветно потпрена на него, со што ја разгори љубопитноста на јавноста.
Видео од танцот со Викторија нема никаде, но затоа, пак, твитерџиите ја искористија својата смисла за хумор и покажаа како веројатно изгледала целата ситуација.
