„Чувам пари за патувања“ и уште 9 хит одговори на жени зошто не си прават маникир кај професионалец
Жени гласно порачуваат дека лакираните нокти не ја прават жената (и дека ги обожаваат своите нокти во природно издание) и споделуваат зошто не одат на маникир. Еден од хит одговорите е: „Затоа што сакам да ги трошам парите на храна“.

Грижата за ноктите е дел од редовната рутина за нега. Многу жени, како во светот, така и во Македонија одат редовно на маникир и педикир.
Сепак, постоjaт и огромен број на жени кои своите нокти ги сакаат во средено природно издание, без тие да се вртоглаво долги и во бојата што е тренд сезоната, и тоа е сосема во ред.

Сепак, секогаш постои некоја пријателка што ќе ги праша „Зошто не отидат на маникир да си ги средат ноктите“...
Токму на едно вакво прашање од една жена по име Џени, жени искрено одговараат на платформата Threads.

Џени на платформата Threads напиша: „Девојки кои не си прават маникир и педикир... Зошто?!“
Дел од одговорите:
„Затоа што се занимавам по искачување по карпи, па искрено ќе ми биде залудно трошење на пари“.

„Затоа што нема да можам убаво да ги притискам жиците на моето виолончело“.

„Затоа што повеќе сакам моите пари да ги потрошам на патувања“.

„Затоа што сум мајка на две бебиња и сум уморна“.

„Затоа што работам во операциона сала и е спротивно на правилата во болницата“.

„Затоа што сум хирург“.

„Затоа што сум археолог“.

„Затоа што на мечките, што ги сликам и снимам, не им е грижа“.

„Затоа што ги трошам моите пари на храна“.

„Затоа што повеќе ми се допаѓаат природни нокти“.

С. С. | Црнобело
