Србинка продава венчаница, огласот е хит: „Доаѓа без младоженец и без драма“
„Ќе вклучев и фотографија како изгледаше на мене, но ги избришав сите фотки од тој несреќен ден. Го продавам затоа што ја научив лекцијата, а фустанот заслужува нова шанса“ - пишува во огласот со скоро 10.000 лајкови.

На интернет групата на Фејсбук „Сè за венчавки“, Србинка ја продава својата венчаница, која вели ја носела по грешка, под наплив на емоции, па сега сака да се ослободи од неа.
Извесна Катарина Турк, во огласот што го објави, пишува фустанот е во одлична состојба, за разлика од нејзината проценка на партнерот во тоа време, а додава и дека фустанот доаѓа без младоженец.

Во огласот, Србинката пишува:
„Се продава венчаница - купена по грешка, носена по грешка.
Купена во наплив на емоции, носена затоа што беше предоцна да се соблече.
Ги преживеа свадбата, танцот, тортата и животните одлуки.
Фустанот е во совршена состојба, за разлика од мојата проценка во тоа време.

Идеален за:
невести со чувство за хумор
брак од љубов (или чиста љубопитност)
оние кои сакаат фустан со искуство.
Го продавам затоа што ја научив лекцијата, а фустанот заслужува нова шанса.

Доаѓа без младоженец, без драма и без гаранција за бракот.
Ќе вклучев и слика како изгледаше на мене, но ги избришав сите слики од тој несреќен ден.
Големина е S/M. За цена и други информации, слободно контактирајте ме“.

Огласот предизвика многу реакции, има скоро 10.000 лајкови и преку 750 коментари.
А еден од нив е од жена која ѝ пишува дека одамна не прочитала подобар пост, па ѝ посака среќа со продажбата.

А. Ј. | Црнобело
