3 типови на луѓе во теретана

3-tipa-na-lugje-vo-teretana-01

Сега е моментот кога теретаните се преполни. Сè живо и диво се решава да вежба пред одмор, небаре месец дена вежбање ќе го/ја направи многу згоден/на на плажа.

Така коцкици не се прават. Ниту пак се крева задникот. Не е лесно да се соочувате со секакви на едно место.

Можеби нема да ги разликувате од првиот ден во теретаната, но со тек на време сигурно ќе почнете да ги забележувате овие типови на луѓе:


1. Трач екипа

3-tipa-na-lugje-vo-teretana

Оваа група најчест се состои од жени, но постои можност во неа да улета и по некој маж очаен за внимание.

На теретаната гледаат како да е кафуле па затоа може да ги видиш на куп каде гласно разговараат колку јако си поминале минатата вечер или што ќе облечат денес.

Се кикотат гласно, ставаат кило парфем и дезодоранс пред да влезат кај справите, но и откако ќе излезат од гардеробата.

Вам ви останува да се угушите во миксот од миризби.


2. Модни гуруа

Оваа екипа се состои обично од згодни момци и девојки кои доаѓаат во теретана само за да ја одржуваат постоечката кондиција.

Самобендисани кои доаѓаат само да набијат комплекси на останатите и да покажат што има најново во колекциите за спортска облека.

Носат исклучително тесна облека во која се отцртува секој дел од телото, и секако, не остануваат незабележани.

Посебно се истакнуваат со непрекинато гласно смеење пред згодни момци и обратно.


3. Оние кои испуштаат зафркнати звуци

Се слушаат и надвор од салата. Кревањето тегови покрај нив изгледа ужасно тешко.

Крај нив секогаш се наоѓа помала група која чудно ги набљудува.

Сериозните кревачи на тегови уживаат кога ќе им дадеш аплауз.

Без разлика што им излегла вената од челото и секој момент се чини ќе им прсне од напор.


Препознавте некој? Имате нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека некој имал полош ден од вашиот (и ќе ви олесни) „Браво за човекот кој оставил гума за џвакање на појасот во авион / Седнав во то...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
„Зошто се мучите?“: Шеговито видео од Скопски маратон - Аеродромци кулираат со гитара додека маратон... На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи кои ‘кулираат’ седнати во...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg