Виц: Во болница во Охрид

Oтишол министерот за здравство во контрола во болницата во Охрид. Влегува во болничка соба, гледа чисто, пријатна температура, светло. Во собата тројца пациенти.

vic-vo-bolnica-vo-ohrid

Министерот оди кај првиот и прашува од што бил болен, каква е негата, храната ...
- Ме оперираа од кила. Ќе ме отпуштат за четири дена. Храната е добра. Болничарите секојдневно ни менуваат постелнина.
- Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
- Не, не, сè е добро.

Вториот кажува:
- Ме оперираа од хемороиди. Ќе ме отпуштат за три дена. Сè е добро. Сестрите внимателни, редовно ни мерат температура, ни даваат терапија.
- Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
- Не, не, сè е добро.

Министерот оди кај третиот:
- Како се чувствувате Вие?
- Добар сум, излегвам за два дена. Ме оперисаја од крајници. Сè е добро.
- Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
- Добро е, имам една молба ако мојт, ама да не се сватит дека нешчо пребарувам – едвај збори пациентот.
- Да, да повели!
- Ама да не се сватит дека нешто не ми е како што треба...
- Да, да, кажи!
- Ако можит мојов кревет да го клајте најблизу до вратана!
- Зошто?
- Ами, кога идат докторон на сабајле почвит да прегледвит по ред пациенти од вратана па наваму. Ќе го фатит првион за јајца, на вторион ќе му ги пикнит прстите в газот, и најкрај ќе ми ја пикнит мене раката в уста. Ако мојт да ме преклајте до вратана, знам ушче два дена ми останаја, ама да не се сватит дека нешчо пребарвам!

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
Фото компилација: Смешни (и трагични) катастрофи од салони за убавина Огромни трепки, смешна фризура, ужасни нокти – фотки кои ќе ви покажа зошто не т...
Смешни несреќни ситуации кои ќе ви одат на нерви иако не ви се случиле вам Тортата што требаше да го открие полот никогаш не ни даде одговор. Дали сами тре...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg