Како се вработуваат децата на менаџерите?

Некој менаџер пред пензија, инаку успешен и светски познат, еден ден смислил одличен план. Му се јавил на синот и му рекол:

kako-se-vrabotuvaat-decata-na-menadzerite

- Сине, завршуваш факултет, ти остана уште дипломската... време е да те оженам и да ти најдам работа!

Синот малку се противел на женидбата – Де бе тато, па само што завршив со учење! Работа, ајде во ред, нема проблем, ама жена?

- Ама чекај, му рекол стариот. Да ти покажам слика од девојката!

На сликата, девојка и голема јахта во позадина:

Синот му вика на тоа: „Тато, абе ајде во кое време живееш, па јас сакам да се оженам од љубов...не за јахта!“

- Ма чекај, не сум ти го кажал најважното...таа е ќерка на Бил Гејтс!

Синот се помислил 5 секунди, па со насмевка му рекол на татко му: Епа ако е така, може! Се согласувам!

Стариот го зел телефонот и му ѕвони на Бил: Знаеш Бил, имам син, убав е како кукла! И многу му се допаѓа твојата ќерка.

Бил му одговара: Види пријателе, јас те ценам многу, ама сега претера! Ќерка ми не го ни видела син ти, па не сме 18ти век!

Менаџерот на тоа: Полека, не ти го кажав најважното. Малиот сега дипломираше, а веќе е заменик претседател на Светска банка!

Стварно!? – му одговорил Бил, ако е така рачунај дека е договорено.

Менаџерот го зема телефонот и се јавува кај својот добар пријател, претседател на Светската банка...

- Пријателе, малиот син дипломираше и му треба работа, па си мислев да го вработиш да ти биде заменик...

- Хахахахаха, се изнасмеал претседателот. Знаеш дека сме пријатели, ама ти си откачил! Па на тоа место конкурираат најдобрите светски економисти! Не велам дека малиот е лош, ама тоа е преголем залак за него!

- Полека, му рекол менаџерот. Не ти го кажав најважното. Малиот е зет на Бил Гејтс.

Претседателот се замолчел па му рекол: Ако е така, нека дојде утре на работа.

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
Смешни несреќни ситуации кои ќе ви одат на нерви иако не ви се случиле вам Тортата што требаше да го открие полот никогаш не ни даде одговор. Дали сами тре...
Трагикомична фото-компилација: Луѓе сигурно кои едвај чекаат да дојде викенд Замислете да му го скршите новиот лаптоп на менаџерот, да ви се скрши тоалетната...
„Го учам маж ми како да оди - откако помина 4 часа на тоалетната школка со телефонoт во раце“ Долгото седење на тоалетната школка кај мажите има повеќе негативни ефекти, но н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg