Виц: Трпе разговара со инспекција

Трпе се вработил во голема, приватна агенција за недвижности. Платата не била лоша, но од време на време морало многу да се работи.
Едно утро Трпе дошол на време на работа, а по половина час во фирмата дошла инспекција и почнала да ги проверува сите документи.
По чешлањето на документацијата, доаѓа инспекторот кај Трпе и почнува да го испрашува:
- Кажете ми колку луѓе работат во оваа фирма, но добро размислете, за лажење можете кривично да одговарате!
Трпе размислил и одговорил:
- Со шефот, десет....
Инспекторот, сакајќи да го збуни, го препрашал:
- А без шефот?
Трпе како од топ:
- Без шефот, ниеден!
Би можело да ве интересира:
10 фото-докази дека луѓето кои живеат заедно никогаш нема да се спогодат за некои работи
Како се мести машина, како се сечат сендвичи и уште многу други проблеми кои пот...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена
Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“
Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“
„Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
