Виц: Плавуша на приемен испит во Полициска академија

vic-rusokosa-na-priemen-ispit-vo-policiska-akademija-01

Отишла плавуша заедно со нејзиниот брат да се запише на Полициска академија.

Влегла кај инспекторот на прво интервју, а тој решил најпрво да ѝ постави неколку прашања за да го провери нејзиното општо образование.

- Што е тоа алгоритам?

Русокосата одговара подготвено:

- Алга која фатила ритам.

Одговорот малку го збунил инспекторот, но, сепак продолжил да ја прашува:

- Кој е Гаврило Принцип?

Русокосата се замислила, па прашала:

- А да не е тоа човекот кој го убил последниот кинески цар Џон Кенеди?

Инспекторот длабоко воздивнал, ама сепак одлучил да ѝ го постави последното прашање:

- Кажете ми, кој го убил Исус Христос?

Русокосата размислувала долго, па едвај одговорила:

- Не знам.

- Добро, рекол инспекторот, тогаш јавете ми кога ќе го дознаете одговорот!

Излегува русокосата цела среќна, а брат ѝ ја прашува:

- Како беше?

- Супер, шефот веќе ми додели прв случај на убиство!

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека браќата и сестрите го прават животот многу позабавен „Ми ја ампутираа ногата и брат ми дојде да ме посети во болница облечен како пир...
Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит... „Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај д...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...
Фото-докази дека никој не може да ве изнервира како домашните Оставање ѓубре во мијалникот, оштетен автомобил, валкана облека среде соба – нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg