Виц на денот: Плавуша во авион

vic-na-denot-plavusa-vo-avion

Плавуша патува за Њујорк со авион. Имала карта за економска класа, но кога влегла во авионот си седнала во бизнис класата.

Дошла стјуардесата да ја упати во другиот дел на авионот па и објаснува дека мора да се премести:

- Ама не мене овде ми е добро.

Дошол и копилотот и го повторил истото, но таа исто му одговара:

- Не, не, мене овде ми се допаѓа.

Дошол пилотот и шепка нешто на уво. Плавушата станала и збунето му рекла:

- Па, што не ми кажавте одма? – и оди во економска класа.

Стјуардесата и копилотот збунето го прашуваат:

- Па, што и рековте?

Пилотот слегнува со рамената:

- Дека бизнис класата не лета до Њујорк.

Би можело да ве интересира:

Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Маки што им се познати само на високите луѓе, низ смешни фотографии Ниски тавани, ниско поставени банкомати, тесни автомобили и авиони – ова се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg