3 вицеви за 3 насмевки

Нема подобар начин да го почнете денот или да ја разведрите паузата на работното место од 3 вицеви кои ќе ви предизвикаат 3 насмевки:

3-vicevi-za-3-nasmevki-01

Желба

Мажот ја прашува жената:

- Што би сакала да бидам?

- Kалендар!

- За да ме гледаш секој ден? – радосно прашува мажот.

- Не, туку за да те менувам секоја година! – одговорила жената.


Пензионер

Му се жали пензионерот на докторот:

- Докторе, сите мои пријатели зборуваат дека имаат редовен сексуален живот. Дајте ми некој совет!

- Па, зборувај и ти, кој ти брани?


Секретарка

По што се разликува добра секретарка од одлична секретарка?

- Добрата секретарка вели: „Добро утро, шефе!“

- Одличната секретарка вели: „Веќе е утро, шефе!“

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg