Корисно упатство за правилно користење на мажите

Драги дами, благодарение на психологијата, сексологијата и теориите за феминизам, сега постои корисен прирачник како да го искористите мажот во секој ден од животот.

korisno-upatstvo-za-koristenje-na-mazite-01.jpg

Замислете го како водич со практични совети кои ќе ви се најдат во секоја можна прилика.

1. Мажот од почетокот поставете го на своето место

Вашиот маж мора да знае дека може да биде среќен, само ако целосно се посвети на тоа вие да бидете целосно среќни. Затоа откријте од вашите пријателки што нивниот маж направил и задолжително раскажете му ја приказната на вашиот маж, само со уште неколку додадени детали. Ако се почувствува загрозен, тогаш оваа техника е успешно изведена.


2. Секогаш кажувајте му дека губи време

Споредувајте го со најуспешните мажи и редовно потсетувајте го дека ништо до сега не направил како што треба.


3. Земете го товарот за доминација

Мажите често растат во заблуда дека тие се доминантниот пол. За да го ослободите од тој непотребен товар, не се сопирајте пред да ги употребите сите можни средства за да ја преземете таа улога. Ласкајте му, дајте му „комплимент“ пред другарите и однесувајте се со него како со жена колку почесто можете.


4. Ослободете го од привлечните пријателки

Како што и самите знаете, убавите жени знаат лесно да манипулираат, па затоа неопходно е да му посочите какви се намерите на неговите прекрасни пријателки. Во случај да почне да ви зборува за доверба, вратете со иста мера и убедете го да ви верува и дека вие знаете што е најдобро за него.


5. Цврсто врзете го за себе

Кога друштвото ќе го покани на некој настан инсистирајте и вие да присуствувате и одговарајте на прашањата наместо него. Ова сигурно ќе го врзе за вас во секоја можна смисла на зборот, со оглед на тоа не може да ве третира како страно тело кое може да го отфрли во било кој дел од денот.


6. Секогаш проверувајте го

Не седете со скрстени раце додека ве лаже. Важно е постојано да ви ја кажува вистината и ништо помалку, макар и кога таа не ви е во ваша корист. Резултатите се крајно ефикасни затоа што нема да му текне да погледне друга жена после овој третман.


7. Помогнете му да чувствува грижа на совест

Ако сепак му дозволите на мажот да излезе без вас, задолжително ставете му до знаење дека сте запоставени, но сепак сте решиле да преминете преку тоа. Така ќе биде совршено свесен колку сте вие прекрасни и подготвени да се жртвувате за него.


8. Запознајте го со методата „ако ме сакаш...“

Постојано проверете колку е подготвен и тој да се жртвува за вас. А ако во било кој момент ви префрли дека го уценувате и притоа го повиши тонот, вината префрлете ја на неговиот нервен систем.


9. Развијте му ја емоционалната интелигенција

Поттикнувајте ги ситуациите во кои постојано треба да ви кажува колку ве сака, посебно ако сте во поголемо друштво и пред повеќе луѓе. А, кога еднаш ќе го постигнете нивото на автоматизам, конечно ќе може мирно да спиете.


Напомена:
Ако во било кој сплет на околности сакате вашиот маж да биде среќен, постапете спротивно од приложеното упатство!

Би можело да ве интересира:

5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg