10 вицови кои ќе ги разберат само интелигентните

Оваа колекција вицови е поинаква - потребно ви е искуство, образование и логичко размислување за да се насмевнете. Испробајте се!

10-vicovi-koi-ke-gi-razberat-samo-inteligentnite-01.jpg

Колку ќе разберете?

1. Што добивате кога ќе го пресечете вицот со реторичко прашање?


2.
Влегуваат тројца логичари во кафуле. Шанкерот ги прашува „Дали сите сакате пиење?“

- „Не знам“

- „Не знам“

- „Да!“


3.
Ајнштајн, Њутн и Паскал си играат криенка. Ајнштајн е на ред да мижи и да брои до 10. Паскал бега и се крие. Њутн црта на подот квадрат со големина од 1 метар квадратен пред Ајнштајн и останува таму да стои. Ајнштајн завршува со броењето и го гледа Њутн и вели дека го открил. Њутн се насмеал и му рекол, не, го пронајде Паскал!


4.
Еден Римјанин влегува во бар и нарачува мартинус. Шанкерот го прашува: „Мислите мартини?“ Римјанинот одговара: „Да сакав дупло, така ќе нарачав.“


5.
Уште еден Римјанин влегува во бар, подига 2 прста и вели „Пет пива ве молам!“

10-vicovi-koi-ke-gi-razberat-samo-inteligentnite-2.jpg

6. Жената на логичарот се пораѓа. Докторот во исто време кога се раѓа детето, му го дава во раце на логичарот. Неговата жена нестрпливо прашува „Момче е или девојче?“ Логичарот одговара: „Да.“


7.
Ентропијата не е тоа што беше порано.


8.
Хелиумот влегува во бар и нарачува пиво, а шанкерот му вели „Извинете, тука не служиме благородни гасови.“ Тој не реагира.


9.
Мачката на Ервин Шредингер влегува во кафич. И не влегува.


10.
Жената на еден програмер му вели: „Оди до продавница и купи векна леб. Ако имаат јајца, земи 10.“ Програмерот се вратил дома со 10 векни леб.

Би можело да ве интересира:

Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Хит приказна: Вработен во фирма им барал пари на заем на сите колеги... Еден дечко се вработи во мојата канцеларија пред шест месеци, и уште во првата н...
Смешна фото-компилација: „Специјалитети“ од луѓе кои никогаш не треба да стапнат во кујна Мизерна вечера од виршли и стопен кашкавал, перек од ракчиња кој изгледа сомните...
Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит... „Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај д...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...
Смешна фото-компилација: Разочарувањето кога ќе ви стигне нарачката од TEMU Погрешни димензии, потполно различен производ, па и празна кутија – колкупати ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg