Мора да бакнете многу жаби пред да го пронајдете принцот - 25 Марфиеви еротски закони

Сè што би можело да тргне наопаку, ќе се случи. Марфиевите „закони“ се секогаш интересни и смешни, а неретко се покажале и како вистинити.

25-marfievi-ertoski-zakoni-01.jpg

Документот којшто го барате е на дното од купчето во фиоката. Лепчето секогаш ќе падне на намачканата страна.

Еротиката не е никаков исклучок од хуморот на Марфи. Доколку сакате да се насмеете, прочитајте ги неговите еротски закони:

1. Квалитети со кои жената го освојува мажот обично се оние кои први исчезнуваат.

2. Сексот е валкан само доколку се извршува правилно.

3. Пред да го пронајдете принцот на бел коњ, мора да бакнете многу жаби.

4. Убавината се вовлекува во кожата, грдоста оди до коските.

5. Мажот е само маж, а добриот велосипед е возило.

6. Мажот е среќен со која било жена, додека не ја засака.

7. Сексот е како снег, никогаш не знаеш колку сантиметри ќе има или колку ќе трае. А понекогаш е и лански.

8. Кога конечно ќе го научи јазикот на мажот, жената престанува да слуша.

9. Во мракот, сите жени се убави.

10. Никогаш немој да легнеш со жена која има повеќе проблеми од тебе.

11. Воздржувај се од вино, жени и песни… главно од песни.

12. Девиците постојат само затоа што од некаде мора да се почне.

13. На многумина сексот им е во глава, што и не е некоја врвна локација.

14. Ако немаш презерватив, ќе ти притреба. Ако имаш, нема да добиеш шанса да го искористиш.

15. Мастурбацијата е секс со некого за кого сме сигурни дека го сакаме.

16. Старите жени без сомнение се најдобри, бидејќи секогаш мислат дека тоа го прават за последен пат.

17. Ако постои платонска љубов помеѓу маж и жена, тоа е резултат на некое длабоко недоразбирање.

18. Мажот дома вреди повеќе од двајца на улица.

19. На жените обично им се допаѓаат молчаливи мажи, бидејќи мислат дека ги слушаат.

20. Ако некој ти ја украде жената, најдобра одмазда е да му ја препуштиш.

21. Во секоја брачна заедница има по еден идиот. Не е реткост да има и двајца.

22. Љубовта е слепа, бракот ти ги отвора очите.

23. Секогаш повторувај ѝ дека е убава, посебно ако не е.

24. Започнете разговор со згодна девојка или запалете цигара, автобусот веднаш ќе дојде.

25. На некои жени им се потребни 20 години од својот син да направат маж, а на некоја друга 20 минути од него да направи идиот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи Речиси и да нема човек што некогаш не слушнал некој од вицевите за познатите Муј...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...
Износени чорапи, дотраен далечински управувач: Фото-докази дека не ги фрламе предметите, иако одамна... Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg