Нов Твитер тренд - луѓе откриваат смешни причини зошто биле казнети како деца
Помалку или повеќе секој од нас има направено доста бељи како дете. Во секое семејство барем едно дете е она кое прави проблеми и знае да биде казнето од родителите.

На социјалната мрежа Твитер се појавува нов и интересен тренд со хаштаг Причина зошто ме казнија.
Неколку интересни исповеди:
Овој човек опишува како неговите родители го казниле бидејќи како мал го украл ориганото на неговата мајка и му го продал на неговиот татко велејќи му дека е марихуана.

Овој Твитер корисник бил казнет бидејќи додека играл криенка заспал под креветот и останал таму сè додека неговите родители не повикале полиција бидејќи помислиле дека избегал од дома.

Оваа девојка го убедила својот брат да ги избричи неговите веѓи.

Ова кутро момче било казнето бидејќи неговата маќеа морала да го земе од училиште поради настинка. Казната следувала поради тоа што самиот требало да знае дека е болен и воопшто да не оди на училиште.

Налутена на својата фамилија оваа девојка одлучила да ги посоли нивните кревети. Кога имала 6 години решила да го земе соларничето и да го истури врз креветите на сите членови од фамилијата.

Како што многумина од нас сигурно имаат направено како мали оваа приказна заработува казна бидејќи скапите шминки на мама биле искористени за да се "наслика" лицето на неколку кукли.

Оваа девојка се обидела да ја избрише сопствената сестра со гума на која стои написот "За многу големи грешки".

Следниот палавко си заработил казна бидејќи ги отворил сите колачиња за да го излиже кремот и повторно ги составил, чекајќи неговата сестра да ги изеде.

За да постигне поавтентичен изглед на ликот од Војна на звездите Чубака за празникот Ноќта на вештерките, овој твитерџија ја украл периката на својата баба.

Тери мразел шпагети и го нахранил својот германски овчар. Кога неговата мајка го фатила, го казнила, а казната била да изеде уште една чинија шпагети.

Какви лудории имате вие направено како деца?
К. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери
Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Хит приказна: Вработен во фирма им барал пари на заем на сите колеги...
Еден дечко се вработи во мојата канцеларија пред шест месеци, и уште во првата н...
Фото-компилација: „Ремек-дела“ од мајстори кои едвај чекале да си одат дома
Велосипедска патека која минува преку ограда, банкомат поставен на височина од м...
Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како и...
„Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме ...
Фото-докази дека никој не може да ве изнервира како домашните
Оставање ѓубре во мијалникот, оштетен автомобил, валкана облека среде соба – нек...
Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од...
„Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...