Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Тајниот агент и „Леле ништо не научив“ - 15 ликови на секое полагање испит

Вечниот студент 

Професорот пушта список за да се потпишат присутните студенти. Списокот стигнува до вас, и гледате дека помеѓу студентите некој има индекс од 1991-ва. Ова е истиот оној човек кој пред почетокот на испитот ве прашуваше на кој начин се спремавте за испитот, и од каде учевте.

Си го враќате филмот и го забележувате тотално различниот индекс кој тој го држеше во рацете. Ова е една од најдемотивирачките појави на секој испит. П.С. Се случува на Електро многу повеќе отколку на другите факултети.

Разубавувачот на денот 

Доаѓате на испит под стрес, имате спиено едвај 2 часа, главата ве боли, се чувствувате неспремно, и тогаш се појавува тој. Најчесто станува збор за колега кој живее под мотото „Хакуна Матата“.

Воопшто не се секира дали ќе положи или не, неговата цел е да им го разубави денот на сите колеги и колешки околу него. Пред испитот кажува смешки и вицеви, а за време на истиот најчесто се труди да им го одземе вниманието на професорите со цел да препишат нешто неговите колеги.

tajniot-agent-i-lele-nishto-ne-nauchiv-15-likovi-na-sekoe-polaganje-ispit-03.gif

Сончогледот 

„Добар ден професоре. Добар ден професорке. Како сте денес? Изгледате многу убаво. Одлично ви стои таа боја. Научив премногу од вас... Најубав/а сте на целиот факултет“...

Сите го знаеме тој човек од секоја група кој дава сѐ од себе да им се допадне на професорите. Колегите и колешките го мразат, меѓутоа тоа не му пречи, бидејќи најбитно од сѐ е да ве сакаат професорите.

Патувачот 

Станувате порано со цел да стигнете порано на факултет, за да можете да фатите добро место во амфитеатарот, како и да повторите пред самиот испит. Пристигнувате на факултет и сте сигурни дека ќе бидете првиот кој стигнал 2 часа пред испитот, а таму го забележувате „патувачот“.

Најчесто станува збор за колега кој живее најдалеку што може од факултетот и тоа не на локално ниво, туку во најоддалечениот град од факултетот. Дошол со единствениот утрински воз, кој за беља пристигнува 4 часа пред потребното.

Ова е единствениот уморен човек пред испитот, поради тоа што веројатно го повторил целиот материјал 2 до 3 пати додека патувал. Како за негова несреќа, според Марфиевите закони, испитот трае до 1 минута по тргнувањето на возот за назад, па мора да остане уште 3-4 часа на факултет додека го чека следниот воз.

Тајниот агент 

Додека чекате да почне испитот гледате човек кој си зборува сам со себе. Загрижувачки е тоа што понекогаш знае и да се скара самиот на себе. Започнува испитот, и во сета тишина, истиот тој лик продолжува да зборува, овој пат со потивок глас.

Станува збор за човекот што полага со бубица. За негова беља, денес професорите се многу поригорозни кога станува збор за препишување со помош на бубица, па така по неколку обвиненија до студентите околу „тајниот агент“, конечно го откриваат виновникот.

По неговото напуштање на објектот, во амфитеатарот полесно се дише, особено за студентите кои седеле во негова околина.

Денис напаст 

Седнувате на испит и како за беља до вас се погодува да седи тој... ликот кој никој не го сака во своја близина за време на испитот. Ова е човекот кој откако внимателно ќе ги прочита сите прашања и ќе дојде до заклучок дека не знае да ги одговори, почнува да ги тероризира колегите околу него на најнедискретниот можен начин.

На пример: „КОЛЕГА!!! КОЛЕГА!!! ФИУ!!! АЛОО!!! КОЛЕГА!!! Кажи некое прашање! КОЛЕШКЕЕЕ!!! КОЛЕШКЕЕ!!! Како е второто?“

Поради тоталната дискреција на неговата потрага по одговори, најчесто ова е човекот кој ги добива сите можни опомени и санкции од професорот (фала Богу!).

еНВи | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Износени чорапи, дотраен далечински управувач: Фото-докази дека не ги фрламе предметите, иако одамна... Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои лу...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Смешна фото-компилација: Бизарни утки на градежници Ескалатор кој завршува во ѕид и тоалет за инвалидска количка до кој се стигнува ...
„Прво верувате, потоа умирате“ – Бесмислени и смешни „инспиративни“ пораки од вештачка интелигенција „Кога ќе умреме, животот ќе биде во ред. Дотогаш, опивајте се“ и „Еден ден, живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg