Тајниот агент и „Леле ништо не научив“ - 15 ликови на секое полагање испит

Во пресрет на крајот на јунската сесија, да се потсетиме на ликовите кои ги има на секој можен испит секогаш.

tajniot-agent-i-lele-nishto-ne-nauchiv-15-likovi-na-sekoe-polaganje-ispit-01.jpg

Лабавиот 

Овој човек е толку смирен и сталожен што на прв поглед делува како да е навистина подготвен за испитот. Откако ќе размените два - три збора со него, брзо ќе дојдете до заклучок дека тој всушност нема претстава кој предмет се полага, и дека дошол на испитот чисто за да се проветрее и поради кафето со колегите после полагањето.

„Леле, ништо немам научено“ (машка верзија) 

Ова е човек кој навистина ништо нема научено и веројатно ќе падне на испитот.

Претходната вечер ја поминал на пиво со пријателите или играјќи на компјутер до ниедно време.

Дошол на испитот со надеж дека ќе ги употреби своите гејмерски способности за да препише нешто.

„Леле, ништо немам научено“ (женска верзија) 

Најчесто станува збор за девојка која бара внимание. На секои 2-3 минути повторува дека нема ништо научено, со цел да ја утешат околните колеги.

Таа всушност знае сѐ за претстојниот испит и веројатно ќе добие десетка. П.С. Постои и машка верзија на женската верзија, каде што опишаното лице е од машкиот пол, а се однесува исто како неговата женска колешка.

Бубалицата 

Колку често се случило да видите дека на максималните 100 бода некој добил 130? Секако дека таа особа е „Бубалицата“.

Пред испитот има масовна тепачка за тоа кој да седи до неа/него, меѓутоа за време на истиот оние кои седат до „бубалицата“ доаѓаат до заклучок дека нејзиното/неговото знаење не е за споделување со други колеги/колешки.

tajniot-agent-i-lele-nishto-ne-nauchiv-15-likovi-na-sekoe-polaganje-ispit-02.gif

„Општа узбуна“

Станува збор за личност која доаѓа на испитот избезумена, најчесто поради тоа што некоја постара колешка која на времето полагала кај истиот професор паднала... еднаш.

Како што е и името, „Општа узбуна“ дава сѐ од себе да ги исплаши сите оние во радиус од 30 метри. Поради тоа што лошите вести брзо се шират, за 2 до 3 минути настанува општ хаос пред амфитеатарот, и пола од оние кои не се чувствуваат спремно заминуваат.

Храбриот/храбрата 

Станува збор за колега или колешка кои книга не фатиле пред испитот, а дојдени се со цел да „сликнат“ колку можат повеќе тестови и групи на прашања.

Поради мрзеливоста на професорите, нивната тактика најчесто успева, и следната сесија овие генијалци положуваат со минимално вложен труд.

tajniot-agent-i-lele-nishto-ne-nauchiv-15-likovi-na-sekoe-polaganje-ispit-04.gif

Смотаниот 

Одите на испит и се чувствувате подготвени бидејќи ги имате прашањата кои ќе се паднат, поради дарежливоста на „храбриот/храбрата“ и одеднаш, влегува професорот низ вратата најлут на цел свет и ви кажува дека од денес па натаму испитот ќе се полага на раскажување наместо преку прашања.

Она што не го знаете, е дека дотичниот господин отишол 5 минути пред почетокот на испитот за да се увери дали баш тие прашања ќе се паднат или некои други... „Шта речи, а не заплакати“...

Тетката 

Одите на испит и гледате госпоѓа во години која што е постара од професорката. Таа пробува да ги собере сите можни информации за испитот, бидејќи е вонреден студент и не знае што се случувало на предавањата.

Најчесто положува на испитите, бидејќи сериозно си го сфатила учењето.

Чичкото 

Исто како тетката, само многу поопуштен. Овој лик дошол за да собере информации како се препишува и како најлесно се поминува испитот. Најчесто ги положува испитите од втор обид, поради добро собраните информации.

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Износени чорапи, дотраен далечински управувач: Фото-докази дека не ги фрламе предметите, иако одамна... Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои лу...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Смешна фото-компилација: Бизарни утки на градежници Ескалатор кој завршува во ѕид и тоалет за инвалидска количка до кој се стигнува ...
„Прво верувате, потоа умирате“ – Бесмислени и смешни „инспиративни“ пораки од вештачка интелигенција „Кога ќе умреме, животот ќе биде во ред. Дотогаш, опивајте се“ и „Еден ден, живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg