Пензионери, студентки и „туфкала“: Луѓе кои ќе ги сретнете во автобус на секое качување

Нема поголемо уживање од летното возење со автобус, кога температурата ја надминува висината од 40оC и кога луѓето кои не водат грижа за својата хигиена конечно можат да завладеат на нивен терен. 

Najvernite-korisnici-na-gradskiot-prevoz-i-nivnoto-odnesuvanje-01.jpg

Најверните корисници на градскиот превоз, и нивното однесување во истиот:

Муабетлијата – Некои луѓе пријателството го ценат многу повеќе од правилата и регулативите во градскиот превоз, па така, и покрај јасно видливите натписи кои велат да не се разговара со возачот додека тој вози, тие разговараат со него.

Најчесто овој лик се сместува веднаш до вратата на возачот, и прави муабет најгласно што може, со цел целиот автобус да види дека тој се знае со возачот. Чести се и ситуациите кога овој човек игра улога на кондуктер и си зема за право да ги оправа другите патници.

Туфкалото – Поимот незадоволство добива друго значење кога оваа личност е во автобусот. Станува збор најчесто за женска личност која е убаво дотерана и средена, меѓутоа има проблем со комуникацијата со другите луѓе, па никако да каже што мисли.

Наместо тоа, кај неа броиме туфкања во минута. Поради гласното туфкање и издишување во звук на незадоволство, не може а да не помислите дека оваа госпоѓа има некаков проблем со вас, меѓутоа доколку не ѝ се обратите вие први, никогаш нема да дознаете.

Стрината – Станува збор за госпоѓа која не може, а да не се вмеша во секој настан кој ќе се случи додека се вози во автобусот. Најчесто се меша во сите конфликти помеѓу двајца патници, како трето лице кое дофрлува од страна.

За секое лонче таа има капаче, па така доколку не сакате да испаднете негативецот, најубаво е да не ѝ обрнувате внимание.

Мишко Потиќ – Како што може да се забележи по името, станува збор за човек кој не милува одржување добра лична хигиена. Се бања само пред големи празници и четвртата недела од месецот.

Како за беља, потните жлезди кај овој човек работат со полна пареа, а тазе нанесениот дезодоранс врз испотеното место не помага. Ова е човекот кој најчесто практикува да стои и да се држи за рачката врз вашата глава.

Студентките – Најчесто седнати на горниот спрат од автобусот, ова се младите дами чиишто разговори се слушаат низ целиот автобус. Седат на четирите седишта поставени едни спроти други и трачарат.

Од нив можете да дознаете кој професор не чини, која студентка со кого спиела, како и кој колега е симпатичен, а кој не... во случај да ве интересираше.

Средношколките – Слично како студентките, меѓутоа нивниот трач репертоар се состои од „најпалавите“ настани кои се случиле во школото, како и која каде ќе се облече за матура или чиј родител бил стиснат и не давал доволно џепарлак.

Средношколците – Најчесто група млади луѓе кои на прв поглед изгледаат како многуте кловнови кои излегуваат од малиот автомобил. Нивното возење во автобус се состои од најразлични шеги, зајадливи муабети, како и меѓусебно исмевање.

Пензионерите – Сите ги знаеме... го користат градскиот превоз поради тоа што им е „гага“. Најчесто станува збор за двајца или повеќе пензионери, кои решиле денот да го искористат за да прошетаат низ метрополата.

Честа е појавата на мајтапчии меѓу нив, па така голема е веројатноста да ве насмеат (откако ќе ве испогазат при нивното влегување во автобус).

ПензионеркитеВо поголем дел од времето ова се бабите на кои сѐ им смета. Секоја чест на исклучоците кои постојат, меѓутоа, повеќето пензионерки се влезени во автобусот за да си кажат што ги мачи кај денешната младина.

Во случај да не станете кога тие ќе влезат (чувај Боже), следи 20 минутна расправија за тоа како денешниве млади се невоспитани, некултурни и така натаму, по што ќе ве станат (сакале или не).

 еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Смешна фото-компилација: „Специјалитети“ од луѓе кои никогаш не треба да стапнат во кујна Мизерна вечера од виршли и стопен кашкавал, перек од ракчиња кој изгледа сомните...
11 луѓе чие разочарување се гледа дури и од Месечината (фото) „Мајка ми ја порача тортава од пријателка. Сега пријателката не сфаќа зошто мајк...
10 фото-докази дека луѓето кои живеат заедно никогаш нема да се спогодат за некои работи Како се мести машина, како се сечат сендвичи и уште многу други проблеми кои пот...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Маки што им се познати само на високите луѓе, низ смешни фотографии Ниски тавани, ниско поставени банкомати, тесни автомобили и авиони – ова се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg