Што кажува за вас начинот на кој му се обраќате на келнерот?

Кафулињата и кафеаните се едни од најпосетуваните места во нашата земја. Таму одиме за забава, за разонода, на пауза од работа, на ручек, на вечера и за најразлични прослави.

Sto-kazuva-za-vas-nacinot-na-koj-mu-se-obrakjate-na-kelnerot1.jpg

Атмосферата на која наидуваме е најчесто направена од самите гости, но и од персоналот во локалот кој го посетуваме.

Но како гостите му се обраќаат на персоналот, и што кажува тоа за нив, односно за вас?

„Шефе“

Вие сакате да му укажете почит на келнерот. Знаете дека ќе му биде мило доколку го наречете шеф, па не ви пречи да му го разубавите денот. За вас ова кажува дека сте добар човек на кој не му пречи другите да ги стави на позиција „Шеф“.

„Баце“

Вие сте најверојатно локален посетител во овој локал. Не сте доволно редовен за да ги запамтите имињата на вработените (или од алкохолни причини не се сеќавате), па за вас сите се „баце“.

Ова укажува на близина и на доверба, па така вработените во локалот се чувствуваат како да сте стари пријатели.

„Друже/Другар“

Веројатно прв пат сте во овој локал, па не знаете како да му се обратите на вработениот. „Друже“ ви делува како најприфатлива варијанта, и покрај тоа што не сте навистина другари.

Не се секирајте, ова е најкористениот назив за вработените во угостителските објекти, па така не отстапувате многу.

„Келнер!“

Доколку на келнерот му се обраќате на овој начин, голема е веројатноста да сте гледале премногу филмови. Кога веќе му се обраќате на овој начин на келнерот, добро би било и да му оставите бакшиш (како што е и случајот во филмовите).

„Брат“

Или сте средношколец, или млад жител на градот Скопје (или келнерот ви е навистина брат). Со овој назив, правите келнерот да се осети како дел од вашето друштво, и му будите чувство на опуштеност.

„Брату“

До сите вие кои го употребувате овој термин, ве молам немојте. Стварно, немојте. Овој назив не е соодветен за никого, особено не за вработен во угостителски објект.

„Извини!“

Очигледно не го знаете името на келнерот, па одлучувате да му се обратите со „Извини!“. Ова е сосема во ред, а за вас кажува дека сте срамежливи и недоволно вклопени во локалот за да би го нарекле келнерот со друг назив од оваа листа.

„Пријателе“

Вие сте Игор Џамбазов (или некој негов посветен обожавател).

Обраќање по име 

Најверојатно станува збор за келнер кој ви е некој близок роднина или комшија, евентуално некој пријател. Единствено чудно во оваа ситуација би било да не го познавате келнерот лично, а да му се обратите по името кое го пишува на неговата униформа.

Свиркање

Доколку се обраќате на вработените во угостителските објекти на овој начин, имам лоши и добри вести за вас. Лошата вест е тоа што ваквото однесување не припаѓа во угостителски објект, а добрата вест е вие би биле одличен овчар.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg