5 типови на „фаќачки“ на бидермаери по свадбите

Како што се верува, онаа, а во последно време и по некој оној, која ќе го фати бидермаерот на свадба е следна за на „лудиот камен“.

5-tipovi-na-fakjachki-na-bidermaeri-po-svadbite-01.jpg

И додека на едни ова не им е ниту интересно, ниту пак имаат намера да се буткаат во гужвата, други се целосно сериозни во намерата токму тие да го „уловат“.

Постојат пет типови на „фаќачки“ на невестински букети, духовито опишани на следниов начин:

Дежурна

Иако дома веќе има завидна колекција фатени бидермаери, сепак е решена да го улови и тој на денешната свадба. Ќе се турка, ќе скока, ќе прелета, но ќе го фати и секако, на секоја социјална мрежа ќе објави фотка со него.

Притаена

Сосема лежерно ќе се пробие низ толпата девојки кои со кренати раце го чекаат букетот, ќе процени сè, од тоа со која рака и во каков лак ќе го фрли невестата и секако, ќе го фати. Исто и таа ќе објави фотографија на социјалните мрежи.

5-tipovi-na-fakjachki-na-bidermaeri-po-svadbite-03.jpg

Сосема незаинтересирана

Ќе ја избуткаат пријателките или роднините во толпата, ќе стои настрана незаинтересирано и некако додека лета, букетот ќе скршне и ќе ѝ падне на глава или пред нозе.

Присилена на тој чекор

Ќе ја наговори или дечко ѝ или некој од роднините, таа ќе се согласи, ќе застане во толпата, нема да го фати бидермаерот и ќе продолжи да танцува, јаде и пие среќна што не треба да се фотографира со невестата и букетот во рака.

5-tipovi-na-fakjachki-na-bidermaeri-po-svadbite-04.jpg

Вистински професионалец

Гостинка која е решена да го фати букетот по секоја цена, со целосно развиена тактика заедно со невестата. Најчесто доаѓа со момчето со кое е во врска веќе шест години, а со ова го потсетува дека и тие треба да размислат на следен чекор. Секако, ќе објави и таа фотка на Фејсбук и Инстаграм и за разлика од првите две, ќе го означи на фотографијата и момчето.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
Најчудните ознаки во јавни тоалети – треба да решите загатка за да сфатите дали е машко или женско (... Ви се случило ли некогаш да влезете во тоалет во ресторан и да зјапате во двете ...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
Македонка бира лубеница со Chat GPT: „Одбери ми зрела, блага и заокружи ја“ „И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се д...
Најсмешните твитови за „несоодветниот“ прв танц на Викторија Бекам на свадбата на Бруклин и Никола Бруклин Бекам сподели дека наместо со сопругата, првиот танц на неговата свадба ...
Фото-докази дека никој не може да ве изнервира како домашните Оставање ѓубре во мијалникот, оштетен автомобил, валкана облека среде соба – нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg