Топ 5 мачнини кои секој Балканец ги лечи со ракија

Знаете како некои луѓе ви се смеат кога ќе кажете дека како мали ве мачкале со ракија за настинката побрзо да помине? Веројатно немаат балканско потекло.

top-5-macnini-koi-sekoj-balkanec-gi-leci-so-rakija-001.jpg

Бидејќи не постои Балканец кој не верува дека ракијата е „света вода“ на овие простори, издвојуваме 5 мачнини кои секој типичен Балканец ги лечи со неа:

Болно грло

Изговор: „Греана ракија со потпечен шеќер е супер лек. До утре ќе бидеш како нов!“

Болка во заб

Изговор: „Ракијата е супер за дезинфекција и има дејство на аналгетик. Плус, нема несакани дејства.“

Инфицирани рани

Изговор: „Капни малку на самото место за да го дезинфицираш. Напиј се и 2-3 голтки за да се дезинфицираш однатре.“

Настинка

Изговор: „Мајка ми и татко ми не ме буткаа со апчиња. Ќе ме измасираа со ракија, ќе ми залепеа едно пешкирче и се будев без температура и затнат нос.“

Мамурлак

Изговор: „Знаеш... Клин со клин.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најсмешните твитови за „несоодветниот“ прв танц на Викторија Бекам на свадбата на Бруклин и Никола Бруклин Бекам сподели дека наместо со сопругата, првиот танц на неговата свадба ...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg