Најлудите нешта што мозокот ги прави кога е вклучен на „автопилот“

Иако нашите мозоци се многу моќни и развиени, некогаш се однесуваат како да имаат застој во работата, правејќи луѓето да прават луди и чудни потези.

najludite-neshta-shto-mozokot-gi-pravi-koga-e-vkluchen-na-avtopilot-01.jpg

Во англискиот јазик има сосема соодветен термин за ваквата појава, „brain fart“, кој точно објаснува што се случува. А некогаш се случуваат навистина исклучително глупави нешта.

Прочитајте некои од вистинските искуства поврзани со оваа појава:

„Мојата фирма се пресели во нови простории. Со месеци немав проблем, сè до еден ден кога по навика се симнав на старата постојка, се упатив кон претходните простории и нервозно гледав во часовникот и се чудев зошто уште нема никој.“

„Се разбудив, отидов во тоалетот, измив заби, се средив, се нашминкав за на работа, за да сфатам дека всушност се будам од кратката дремка попладнето по работа.“

najludite-neshta-shto-mozokot-gi-pravi-koga-e-vkluchen-na-avtopilot-02.jpg

„Работам во рецепција во болница. Еднаш во ноќна смена, една од докторките се јави да ми даде упатства за заверување на картонот на пациентот. Го завршив разговорот со 'Во ред, добра ноќ, те сакам' бидејќи така ѝ велам на мајка ми по телефон. За да биде уште поинтересно и таа ми врати 'И јас те сакам тебе'. Само неколку секунди подоцна ѝ се јавив повторно и добро се изнасмеавме.“

„Миењето заби е една од активностите кои ги правам толку рутински, што кратко потоа заборавам дали сум ги измил. Еднаш ми ѕвонеше телефонот додека миев заби и отидов да го земам. Притоа, без да размислувам, ја исплукав пастата на паркетот.“

najludite-neshta-shto-mozokot-gi-pravi-koga-e-vkluchen-na-avtopilot-03.jpg

„Алармот заѕвони, се разбудив, се облеков и го изнесов кучето во паркот. Очекував да почне да се разденува за некоја минута, но се збунив кога немаше никого околу мене. Погледнав во мобилниот телефон и сфатив дека е 3 часот наутро. Излезе дека сум сонувала аларм, кој ме разбудил реално. Најлошо од сè е што имам неколку ѕидни часовници и ниеднаш не погледнав, за да сфатам дека не е 6.30 наутро.“

„Кога носам контактни леќи, мојата рака автоматски се обидува да ги поднамести очилата на носот.“

„Се срамам да кажам, но неколку минути се обидував да ја отворам домашната врата со картичката која ми ја отклучува вратата во канцеларијата.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Износени чорапи, дотраен далечински управувач: Фото-докази дека не ги фрламе предметите, иако одамна... Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои лу...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg