Спектакуларно смешни одговори на тема „Од каде доаѓаат бебињата?“

Секој родител еден ден треба да им објасни на своите деца како дошле на овој свет. Но, додека тоа да се случи, прашањата и претпоставките може да бидат ужасно смешни и неверојатни.

spektakularno-smeshni-odgovori-na-tema-od-kade-doagjaat-bebinjata-01.jpg

Некогаш е навистина конфузно да се даде соодветен одговор на ова прашање, во зависност од возраста и темпераментот на детето. А некогаш, децата решаваат да прашаат некој сосема трет на оваа тема.

Некои од прашањата и одговорите се креативно смешни:

„Мојот братучед ме праша од каде доаѓаат бебињата. Покажав накај мајка му и кажав дека доаѓа од нејзината дупка, на што тој ме праша дали е тоа нејзиното срце.“

„Син ми реши дека треба да купиме бебе и да го ставиме кај мене во стомакот.“

spektakularno-smeshni-odgovori-na-tema-od-kade-doagjaat-bebinjata-02.jpg

„Син ми ме праша каде се ставаат тампоните. 'Таму од кадешто излегуваат бебињата', му одговорив. 'Во штркот?'“

„Кога мојата мала сестра праша од каде доаѓаат бебињата, ѝ реков дека од виножитото, по што таа ме поправи и ми кажа дека излегуваат од вагината.“

„Ако моето дете некогаш ме праша од каде доаѓаат бебињата, ќе одговорам користејќи најстручни термини што може, за ништо да не ме разберат, а јас сепак да кажам сè како што е.“

spektakularno-smeshni-odgovori-na-tema-od-kade-doagjaat-bebinjata-03.jpg

„Внук ми ме праша од каде доаѓаат бебињата и му го одговорив првото нешто што ми падна на памет - од рерната.“

„Не знам зошто, но мислев дека децата доаѓаат од градите. Еднаш прашав една жена со големи гради дали очекува момче или девојче.“

„Татко ми ми кажа дека бебињата доаѓаат од зелките и цело лето секое утро проверував дали имам брат или сестра, додека мајка ми не ми објасни дека татко ми ме излажал.“

spektakularno-smeshni-odgovori-na-tema-od-kade-doagjaat-bebinjata-04.jpg

„Внука ми ме начека неспремна со прашањето од каде доаѓаат бебињата и јас инстинктивно одговорив дека ги носи Дедо Мраз.“

„Благодарение на хуморот на сестра ми, ќерка ми сега е сигурна дека бебиња се купуваат од Амазон.“

„Кога бев мал ја прашав мајка ми од каде доаѓаат бебињата и таа ми рече да го свртам телевизорот на Animal Planet.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешни несреќни ситуации кои ќе ви одат на нерви иако не ви се случиле вам Тортата што требаше да го открие полот никогаш не ни даде одговор. Дали сами тре...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Фото компилација: Смешни (и трагични) катастрофи од салони за убавина Огромни трепки, смешна фризура, ужасни нокти – фотки кои ќе ви покажа зошто не т...
Фото-докази дека браќата и сестрите го прават животот многу позабавен „Ми ја ампутираа ногата и брат ми дојде да ме посети во болница облечен како пир...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg