Момци споделуваат машки тајни за кои девојките воопшто немаат идеја

Машките тајни се мистерија, нешто слично како чудовиштето од Лох Нес и се многу покомплицирани отколку што девојките можат да замислат.

momci-spodeluvaat-mashki-tajni-za-koi-devojkite-voopshto-nemaat-ideja--01.jpg

Пред неколку дена на Редит еден корисник започнал тема „Кои се машките тајни за кои женските немаат идеја?“ и тоа прерасна во интересен и хумористичен машки дневник.

Па, девојки, прочитајте што им се врти во главата на припадниците на спротивниот пол:

„Нашата ерекција не секогаш значи дека сакаме секс. Некогаш се случува и сме зачудени и ние - 'Што е момче, виде нешто?'“

„Кога велиме дека не мислиме на ништо, тоа е вистина. Никогаш не ја потценувајте машката моќ да не мисли на ништо одвреме-навреме.“

„Кога некој доаѓа со плачење кај нас, инстинктивно сакаме да го решиме проблемот. Бидејќи тоа некогаш не е намерата, нагласете ни, за да можеме да слушаме, наместо да бараме решение.“

momci-spodeluvaat-mashki-tajni-za-koi-devojkite-voopshto-nemaat-ideja--02.jpg

„Не сфаќаме кога вртите одоколу. 'Ќе си го скршев вратот во дворот' не е исто што и 'Исчисти ја патеката од снегот'. Бидете јасни и ќе бидеме повнимателни.“

„Ако ви треба нешто, прашајте отворено. 'Ладно ми е' кај нас не значи 'Подај ми го ќебето'. И ако се лутите, треба да ни кажете зошто, за да престанеме да го правиме тоа. Во спротивно, навистина не знаеме зошто сте ни лути.“

„Ако имате син, не го брзајте да стане веднаш наутро за да ви помогне со нешто. Многу е веројатно дека има утринска ерекција која не сака да ја прикаже пред мајка си. Дајте му барем пет минути.“

„Не зјапам во тебе, туку размислувам за нешто што ги опседнува моите мисли, а моите очи случајно се насочиле кон тебе.“

momci-spodeluvaat-mashki-tajni-za-koi-devojkite-voopshto-nemaat-ideja--03.jpg

„Една девојка ми кажа дека фризурата ми е супер. Еве, веќе четири години ја носам на ист начин.“

„Шансата да го добиеш од мене тоа што ти треба расте стократно ако го кажеш тоа директно.“

„Ако сакаме да бидеме сами, тоа не значи дека не сакаме да бидеме со вас. Исто како и вие, во тие моменти не сакаме да бидеме со никого.“

„Имаме голем општествен притисок да бидеме темел, глава, да бидеме помалку емоционални, да ги држиме конците... Во најголем дел од времето не знаеме како да го постигнеме тоа, а незгодно ни е да побараме помош и тоа често нè прави лути.“

„Ако сме предолго под туш, тоа не значи дека си играме или дека уринираме додека тече водата. Некогаш и ние сакаме долги туширања.“

„И ние сакаме комплименти. Не мора да е тоа нешто посебно, доволно е да ги забележите барем новите патики.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg