Урнебесни приказни за одмаздите сервирани на бившите партнери

Раскинувањата некогаш се мирни и разумни, но доста често се и спектакуларни, драматични и одвратни.

urnebesni-prikazni-za-odmazdite-servirani-na-bivshite-partneri-01.jpg

Кај некои раскинувањето предизвикува тага, кај други болка, кај трети олеснување, но особено внимание привлекуваат оние кои се бесни и сакаат по секоја цена да се одмаздат на поранешниот партнер.

Сепак, не се смејте многу, да не се најдете и самите во слична ситуација.

„Откако раскинавме, уште ја имав неговата лозинка за Нетфликс и го менував корисничкото име во 'неверен', 'лажго', па дури и 'оној кој поим нема како со жените'. Некој го враќаше на првобитното, но не ми смени лозинка, како да го интересираше што следно ќе напишам.“

urnebesni-prikazni-za-odmazdite-servirani-na-bivshite-partneri-02.jpg

„Моето куче имаше дијареа и направи неред, па ја искористив облеката што му остана кај мене за да исчистам.“

„Ги разлабавив сите шевови на неговите панталони и му пукаа секогаш кога сакаше да седне. Нешто во мене ме тераше да го направам тоа. Кратко потоа дознав дека ме изневерува.“

„Му дозволив да го користи мојот профил на НВО и кога почна новата сезона на 'Game of Thrones', серија која ја обожава, ја променив.“

urnebesni-prikazni-za-odmazdite-servirani-na-bivshite-partneri-03.jpeg

„Во мојот плакар најдов негова кошула која уште имаше етикета. Отидов во продавницата, кажав дека сум ја изгубила сметката, а продавачката ми излезе во пресрет и сега имам нов фустан.“

„Кога одев по моите работи, решив малку да си играм. Од неколку пара негови чевли земав по една и ги фрлав во корпи за отпадоци надвор.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg