„Закачување“ на квака, удирање во предмети: Секојдневни ситуации кои прават да се чувствуваме како „идиоти“

Точно, 2019-та е, модерно време и глупави грешки во секојдневниот живот не би требало да ни се случуваат, но сепак...

postapki-od-sekojdnevniot-zhivot-koi-pravat-da-se-chuvstvuvame-kako-idioti-01.jpg

Ова се ситуации со кои се имате соочено барем еднаш во животот. Ако не ви се случиле, не грижете се, имате уште многу време за да се чувствувате како „идиоти“.

Неколку луѓе споделуваат во кои секојдневни ситуации се чувствуваат така:

„Понекогаш ми се случува да се закачам со облеката за квака. Тоа може да е дупка за копче од џемперот или врвка од дуксер, некогаш и со џеб...“

„Кога и да се мијам раце во јавен тоалет, млазот вода од чешмата е толку силен што кога ќе се погледнам на облеката изгледа навистина непријатно.“

postapki-od-sekojdnevniot-zhivot-koi-pravat-da-se-chuvstvuvame-kako-idioti-02.jpg

„Не секогаш, но многу често кога isтурам пијалак во чаша, ми прска настрана и претекува речиси еднаква количина колку што има во чашата.“

„Пиењето од кафињата за носење секогаш е исто - си го горам јазикот, а понекогаш и ми паѓа чашката врз мене или на земја.“

postapki-od-sekojdnevniot-zhivot-koi-pravat-da-se-chuvstvuvame-kako-idioti-03.jpg

„Не давам бакшиш директно на келнерите. Чекам да ми наплатат, а потоа им оставам одредена сума на масата, за да избегнам контакт со очи, допири со рака и непријатно заблагодарување.“

„Секогаш кога ќе ми дојде Ајфон во рака се однесувам како тотален идиот бидејќи сум навикната на Андроид. Што да правам? Кое копче да го притиснам? Каде е воопшто копчето?“

postapki-od-sekojdnevniot-zhivot-koi-pravat-da-se-chuvstvuvame-kako-idioti-04.jpg

„Јас сум возрасна личност, која мора да ја направи буквата „L“ со палецот и показалецот за да се сети која страна е лева.“

„Масичката за кафе се наоѓа на истото место во дневната соба отсекогаш, но секој ден барем еднаш се удирам во нејзе.“

„Ви се случува да ја промашите корпата за отпадоци дури и кога сте веднаш до неа? И мене. Секој ден.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Фото-докази дека браќата и сестрите го прават животот многу позабавен „Ми ја ампутираа ногата и брат ми дојде да ме посети во болница облечен како пир...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...

Најчитани неделава