Периќ во стриптиз бар

perikj-vo-striptiz-bar-povekjeМаж и жена славеле 25 години брак. Мажот ја прашал жената со што да ја израдува за годишнината. Однеси ме во стриптиз бар, баш сакам да видам како се...

 

...соблекуваат стриптизетите.

- Што ќе бараш таму? Таквите локали се само за напалени мажи што сакаат да гледаат женски кои им играат.

perikj-vo-striptiz-bar

Жената не попуштала:

- Па сеедно би сакала да видам, а бидејќи знам дека си срамежлив, јас веќе купив карти за двајцата.

- Епа, добро тогаш, нека ти биде! – се согласил мажот со тешко срце.

Кога стигнале во барот, во гардероберот ги оставале палтата, а гардероберката му се обратила на мажот:

- Добар ден господине Периќ

Жената го погледнала, а мажот набрзина објаснил дека тоа е ќерка на негов колега. Кога се сместиле на маса, келнерот ги поздравил:

- Добар ден господине Периќ.

Жената луто го погледнала, а тој брзо и одговорил:

- Ах драга, тоа е келнер кој порано работеше во мензата кај нас во фирма.

Жената повторно го погледнала под око и едвај му поверувала. Претставата почнала и стриптизетата се соблекувала. Дошла до гаќите и ја прашала публиката:

- А, кој ќе ми ги соблече гаќичките денес?

Целиот бар во еден глас и одговорил:

- ПЕРИЌ!

Жената се изнервирала и луто си заминала од барот. Мажот по неа викал:

Драга, ова ми го подметнаа! Јас воопшто не ги познавам тие луѓе! Љубов моја, верувај ми те молам!

Жената седнала во такси, а тој едвај ја стигнал и влегол во истото такси. Кога се сместиле во таксито, таксистот го поздравил:

- Добро вечер гоподине Периќ. Што ви е денес? Толку добри к*рви возевме до сега, а денес сте одбрале ваква стара бабетина?!

Епа после шетајте ја жената за годишнина!

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги „Жените не сфаќаат колку е тешкото породувањето за мажите. Биди силен, воину“, г...
Фото-докази дека браќата и сестрите го прават животот многу позабавен „Ми ја ампутираа ногата и брат ми дојде да ме посети во болница облечен како пир...
Најсмешните твитови за „несоодветниот“ прв танц на Викторија Бекам на свадбата на Бруклин и Никола Бруклин Бекам сподели дека наместо со сопругата, првиот танц на неговата свадба ...
Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како и... „Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме ...
Фото-докази дека никој не може да ве изнервира како домашните Оставање ѓубре во мијалникот, оштетен автомобил, валкана облека среде соба – нек...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg