Најсмешните вицеви за Трпана, Трпе и малиот Трпе


Најсмешните вицеви за Трпана, Трпе и малиот Трпе

Доколку имавте тешка и напорна недела и потребна ви е доза смеа, предлагаме да се опуштите со едно од најомилените македонски семејства, семејството на Трпе и Трпана.

Najsmesnite-vicei-za-Trpe-i-Trpana-01.jpg

Секако, тука е и малиот Трпе на мама и тато за уште подобро зачинување на хуморот:

Трпе го крштеваат на 40 години. По едно време попот вели:

– Одговори три пати. Се откажуваш ли од сатаната?

Трпе се врти кон попот:

– Дедо Попе, ти ме крштеваш или ме разведуваш?

 Трпе гледа телевизија и коментира на глас:

– Не оди таму бе! Пу бе, глуп!

– Драги, што гледаш?

– Нашата свадба.

Трпана разговара со пријателка:

– Нема веќе вистински мажи, вистински џентлмени!

– Е како нема? Мојот дечко ми држи чадор кога врне дожд додека јас менувам гумата на колата!

Малиот Трпе ја прашува мајка си:

– Мамо, што прави штркот, од кога ќе го донесе бебето?

– Лежи на троседот, гледа фудбал, пие пиво и игра на компјутерот!

 Трпана му се жали на Трпе:

– Барем еднаш да ме однесеше на вечера!

– Извини, ама ја не излегувам со мажени жени.

– Ама јас сум твоја жена!

– Не, не. Не правам исклучоци.

 Трпе и Трпана заминале за Њујорк на гости. Се качиле во едно такси и возачот ги прашува:

Возач: „Where are you coming from?“

Трпе: „From Macedonia“

Трпана: „Шо вика, шо вика?“

Трпе: Нè праша од каде сме, му кажав дека доаѓаме од Македонија.

Возач: „Which town?“

Трпе: „Kavadarci“

Трпана: „Шо вика, шо вика?“

Трпе: Прашува од кој град, јас му кажав дека сме од Кавадарци.

Возач: „I had the worst sex in Kavadarci.“

Трпана: „Шо вика, шо вика?“

Трпе: „Те познавал“

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Чесен поп, скромен министер од Владата и Дедо Мраз наоѓаат 100 евра…“ – Вицеви за Нова година и Дед... Имавме тешка година, па најдобро би било да ја испратиме со доза хумор. И да се ...
„Нема ништо посекси од маж во нечиста униформа“ - жена предизвика лавина од фотки на Твитер Нејзиниот твит стана вирален хит, а мажи позираа специјално за неа во униформа н...
„Дење лае, ноќе плива – вештачката вилица на свекрвата“ – 20 кратки вицеви кои добро ќе ве насмеат Време е за малку хумор! А зарем има подобри вицеви од оние кои се кратки и слатк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg