Виц: На полагање со врски

vic-na-polaganje-so-vrski-povekjeTројца студенти полагале испит по историја. Првите двајца имале „врски“, третиот немал. Му поставува прашање професорот на првиот студент:


- Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

- Фрлена е на 6ти август 1945 во Хирошима.

- Добро е колега, добро е. Oсмица. Ајде кој е следен.

- Колега, истото прашање.

- Фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима. Ја фрлиле Американци.

- Одлично колега! Деветка!

Влегува студентот кој нема „врски“.

- Колега, кажете ми сè што знаете за првата воена употреба на атомска бомба.

- Првата атомска бомба била фрлена на 6ти август 1945 во Хирошима во 8.15 часот по локално време. Атомската бомба со име „Little Boy“ била тешка 4 тони и долга 3 метри, а ја носел бомбардерот „Enola Gay“. Полетал од Tinian - мал остров во западен пацифик со придружба од уште два бомбардера B-69. Бомбата била детонирана на висина од 580 метри. Температурата на површината на земјата, во средиштето на експлозијата достигнала и до 5000°C. Моќниот ударен бран од ветар бил со брзина од 800 km/h и уништил сè во радиус од 13 квадратни километри. Експлозијата предизвикала и врел облак со прашина висок 15.250 метри кој можел да се види на одалеченост од 560 километри. Само во моментот на експлозијата загинале 140.000 луѓе, додека многу умирале години потоа како последица од радијација...

- Не е доволно колега, не е доволно... ИМИЊАТА! Мора да ги знаете ИМИЊАТА на загинатите доколку сакате да добиете шестка! - му се обратил професорот со повишен тон на третиот студент.

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги „Жените не сфаќаат колку е тешкото породувањето за мажите. Биди силен, воину“, г...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
Смешни несреќни ситуации кои ќе ви одат на нерви иако не ви се случиле вам Тортата што требаше да го открие полот никогаш не ни даде одговор. Дали сами тре...
Меланија (повторно) стана меме поради огромниот шешир што го носеше на средба со кралското семејство Ја споредуваат со подна ламба, а некои велат дека под огромниот шешир, можеби се...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg