Вирален статус на Македонец: Роденден на кучето некогаш (дај му сув леб) vs. сега (балони со бројки, торта и лептир машна)

Роденден на кучињата порано: „Никој нема појма кога е родено. Кога е родено? Шо знам пред две зими го зедовме колку раката беше…“ Роденден на кучињата сега: „Роденден не е роденден без балони со бројка. Редондо прави четири...“

viralen-status-na-makedonec-rodenden-na-kucheto-nekogash-daj-mu-suv-leb-vs-sega-baloni-so-brojki-torta-i-leptir-mashna-01.jpg

Божидар Божиновски е познат по шеговитите Фејсбук статуси, во кои често на хумористичен начин доловува реални ситуации.

Сега, тој посвети објава на тоа како се славеле родендените на кучињата некогаш, а како денес. И се пошегува и на сметка на нивните сопственици и целата организација.

Неговиот статус, кој стана вирален на Фејсбук:

Роденден на кучињата порано:

- Никој нема појма кога е родено. „Кога е родено? Шо знам пред две зими го зедовме колку раката беше, рачунај ти ако немаш попаметна работа, одам јас на нива и дај му да јади од ручекот вчера шо остана и леб сув”

viralen-status-na-makedonec-rodenden-na-kucheto-nekogash-daj-mu-suv-leb-vs-sega-baloni-so-brojki-torta-i-leptir-mashna-03.jpg

Роденден на кучињата сега:

- Има извод. И му важи повеќе од шест месеци, цел живот му важи. А ако има извод со дата на раѓање има некој таму шо сигурно му напрајл натална карта. „Редондо е близнак, затоа понекогаш се однесува со странци различно, во подзнак вага, сѐ му е измерено, умен тој на мајка”

- Роденден не е роденден без балони со бројка. Редондо прави четири. Сигурно ништо не му значи, којзнае и основно дали има завршено за да знај бројки ама над него има златна четворка.

- Има кучешка торта. Со свеќи. Ко ќе се клајш на местото на песот мора да е ужасно. „Зошто овие што им го чувам ми ја имаат запалено храната? Не ме сакаат повеќе? Зошто се собрани и се смеат дур јас не можам да јадам? Ме мразат?”

- Лептир факинг машна. Да помини пописот и мора да се реши ова дали е дрвена лептир мапна за кучиња или за типови со карирани кошули кои се приврзок на свадба. Уствари не мора, исто е, да не прајме референдум

- Честитки за роденденот. “Ањњњњњњњ најслатко то мафинче големо да расти на тета тооооо, ќе го изедам”. Аха не само шо има мајка има и тетка, чичко, вујко. Нема да прочита честитки, не знае да чита.

- Другарчиња на роденден. Ем другарчињата на мама ем на кучето. А кучето не се социјализира со кој било. Има групи за да му се најде друштво и патнер. „Мафинкијана е ќерка на наградуваниот Рамон и убавицата Фани, бабата и дедото од двете страни се партизани, прапрапрапрапрапрапрапра дедотот на Мафинкијана го каснал Осман бег Призренски што го истакнува семејниот борбен дух. Нашата убавица бара момче за расплод испратете CV, слика и мотивационо писмо од вашето куче кое сака да има коитус со Мафинкијана. Седмочлено жири ќе одреди кандидати кои ќе бидат повикани на интервју”… Нема појќе кучиња да се хефтаат на улица. Мора амбиент да се создаде освен ако Барон кој треба да ја оплоди Мафинкијана не е малку нервозен по што ќе пробаме кога кучето ќе е во добра воља за две години.

- Поклони… „Мафинкијана дојди да го пробаш џемперчето од чичко Максиминимилијан. Одлично ќе ти стои дур те шетам да собирам гомна после тебе, убавице на мама”. Ко модно освестен матурант кучето се шета само да моча на трансформатор и раткапни.

viralen-status-na-makedonec-rodenden-na-kucheto-nekogash-daj-mu-suv-leb-vs-sega-baloni-so-brojki-torta-i-leptir-mashna-02.jpg

Роденден на кучиња порано - Никој нема појма кога е родено. “Кога е родено? Шо знам пред две зими го зедовме колку...

Posted by Божидар Божиновски on Sunday, October 23, 2022

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg