6 работи кои не смеете да заборавите да ги понесете на вашиот летен одмор (број 6 е клучна)

Некои работи ви се примарни на листата за пакување пред да тргнете на патување, но кои се оние мали работи на кои понекогаш подзаборавате, а се клучни да имате пријатно, безбедно и опуштено патување? Кога има начин да си ги скратите главоболките, треба да се искористи, зарем не?

6-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-6-e-kluchna-01.jpg

Документи, пари, полнач за телефон, сет за хигиена, очила за сонце, памучни маички, шешир, продукти за нега на кожа, ова се работите кои се задолжителни за секој летен одмор и најверојатно кои секогаш ги имате на ум.

Но, кои се оние работи на кои можеби понекогаш подзаборавате, а всушност ќе ви го направат патувањето покомфорно, попријатно и побезбедно?

Листа на работи кои не треба да заборавите да ги понесете на одмор (и зошто):

1. Слушалки и перниче за патување

Патувањето со автомобил, автобус, па и авион секогаш е неопходно да се разубави со добра музика, особено ако во групата/друштвото имате некој патник кој постојано се жали на сè и ве полни со негативна енергија.

Нормално, никогаш не смее да се заборави и на удобноста и комфорот при патувањето, особено кога тоа трае подолго и вклучува неколку часа наменети за сон, па така задолжителен „сопатник“ нека ви биде и перничето, покрај слушалките.

7-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-7-e-kluchna-04.jpg

2. Сет за прва помош

Апчиња против алергија, витамини, апчиња против болка, спреј за нос и слично се работите кои мора да ги понесете во вашиот сет за прва помош.

Се разбира, доколку се соочувате со некоја хронична состојба, не заборавајте и на вашата редовна терапија, која задолжително треба да ја понесете.

7-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-7-e-kluchna-03.jpg

3. Карти, коцки за јамб и некои други друштвени игри

За некои луѓе овие работи не се на листата на приоритети на работи кои треба да се понесат на патување, но сепак убаво е да ги понесете, особено ако таму сакате да запознаете нови луѓе.

Па, има ли полесен начин за воспоставување на комуникација од тоа да ги поканите на партија карти или табла можеби?

7-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-7-e-kluchna-02.jpg

4. Мала чантичка за документи и пари

Безбедноста е клучна при патувањата, па така една мала чантичка во која ќе можете да ги ставите своите вредни работи е задолжителна при секое патување.

Ќе ви стои секогаш блиску до вашето тело и нема да успеат да ве ограбат некои грабливи раце. Се разбира, секогаш се надеваме дека нема да дојде до такви ризични средби, но никогаш не се знае.

7-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-7-e-kluchna-05.jpg

5. Ќеси

Изгледа неважно, но често кога се пакуваме за враќање накај дома имаме проблем со недостиг на ќеси, зарем не?

Мора да ги спакуваме нечистите чевли, мокрите пешкири, отворените шишенца козметика, па да ја ставиме нечистата облека во посебно ќесе и што уште не, затоа секогаш со вас носете најмалку неколку ќеси кои ќе ви спречат непотребно валкање на куферот или истекување на некои течности.

7-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-7-e-kluchna-08.jpg

6. Новата Visa Travel картичка

Ако сте вљубеници во патувањата, оваа картичка е совршена за вас, особено ако сакате да патувате низ Европа со автомобил. Во Грција на море или тура низ Хрватска без главоболки, па зошто да не?

Ќе се чувствувате сигурно, ќе бидете опуштени, а и домашните кои не се со вас нема да се грижат толку за вас, ќе знаат дека го имате вистинскиот „помошник“ на пат.

Условите за да ја добиете прочитајте ги ТУКА.

7-raboti-koi-ne-smeete-da-zaboravite-da-gi-ponesete-na-vashiot-leten-odmor-broj-7-e-kluchna-12.jpg

Но, зошто оваа картичка ви е потребна при патување и кои се бенефитите од неа?

Што поточно добивате со Visa Travel картичката?

  • Асистенција на пат преку Халк осигурување – тоа е техничка помош на пат за комерцијални возила која може да се искористи во случај на откажување на возилото, сообраќајна незгода/несреќа, невнимателно ракување со возилото (погрешно наточено гориво, заклучени клучеви во возилото и слично), како и при надворешни влијанија (град, пожар, итн.).
  • Картичката му овозможува на клиентот пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.
  • Бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена во важност од 365 дена (еднократно).
  • 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување.

За оваа картичка можете да аплицирате во најблиската експозитура на Халк, но и онлајн на линкот ТУКА. Брзо е и едноставно!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg